Уште е активен пожарот кај Фурка, во последните 24 часа се изгаснати 12 пожари во земјава

-

Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци и понатаму е активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“.

Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово околу 5 часот на терен се излезени околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) – Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув и локалното население.

Од ЦУК посочуваат и дека се ангажирани Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и три противпожарни моторни возила, доброволно противпожарно друштво Дојран со четири лица и едно возило, „Комуналец“ – Гевгелија со една цистерна и двајца вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со две возила и 10 вработени, Јавното претпријатие Национални шуми – Подружница „Кожув“ – Гевгелија со две возила и 10 вработени, ТППЕ Кавадарци со 2 противпожарни возила и осум пожарникари, ТППЕ Валандово со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) – Валандово со едно возило и пет членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со две патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4-5 лица.

Во последните 24 часа се изгаснати 12 пожари во земјава.

Во Струмица, кај селата Ангелци и Вељуса гореше стрниште, кое е изгаснато со две противпожарни возила и шест пожарникари.

Во Валандово, кај село Пирава гореше деградирана шума. Пожарот е изгаснат од ТППЕ Валандово со шест пожарникари и две возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово, со шест вработени и две возила.

Во радовишките села Ињево и Воиславци гореше стрниште, а пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и пет пожарникари.

Кај селата Житоше и Борино имаше шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума, кој е изгаснат со еднопротивпожарно возило со четири пожарникари, тројца вработени во ЈП Национални Шуми, подружница Липа – Крушево и четири лица од месното население.

Изгаснат е пожарот на депонијата во Крушево со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

РЦУК – Штип информира дека пожарот на стрниште кај месноста викана Лезовски Кантон е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Изгаснат е и пожарот во општина Јегуновце, во кој беше зафатена покривната конструкција и еден кат од куќа во село Орашје. Пожарот е изгаснат со три противпожарни возила и 12 пожарникари.

Во Тетово гореше сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно-поправниот дом Тетово. Пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и четири пожарникари.

Со едно противпожарно возило и тројца пожарникари изгаснат е пожарот на стрништето во село Романовце, Кумановско.

Во општина Кичево, село Ложани гореше стрниште. Пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Пожарот кој почна вчера во село Гајре, општина Тетово е целосно локализиран во 14.40 часот од страна на ТППЕ Тетово со две противпожарни возила и шест пожарникари.

Изгаснат е пожарот кај стариот пат од Тетово кон Желино, каде гореше сува трева и ѓубре. Во гаснењето се вклучија ТППЕ Тетово со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Во село Челопек, Општина Брвеница од мали деца, од невнимание, било запалено балирано сено. Се интервенирало со две противпожарни возила и пет пожарникари.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...