вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Дојран | 44 резултати

„Д Фестивал“ оваа година од Дојран се сели во Штип

март 12, 2025

Еден од најголемите музички фестивали во Македонија кој активно со години беше обележје на градот Дојран, „Д Фестивал“ од оваа година се сели во градот Штип. „По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Со срце полно љубов и почит, кажуваме огромно „Благодарам“ на прекрасните […]

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ноември 16, 2024

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот бил на 80 километри југоисточно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени […]

„Три часа чекаме хеликоптери и ер-трактори, но ги нема“, вели градоначалникот на Дојран

јули 30, 2024

Во Дојран ситуацијата е хаотична, веќе три часa чекаме помош во хеликоптери и ер трактори кои ќе го гасат пожарот, но помош не доаѓа, реагира градоначалникот на Дојран Анго Ангов, откако околината на Дојран ја зафати пожар кој се шири брзо поради силниот ветер. Во моментов гори над населба Карач, која е релативно нова населба, […]

Приведени 19 луѓе на Д фестивалот во Дојран

јули 1, 2024

Викендов, за време на одржувањето на Д фестивал во Стар Дојран, полициски службеници уапсила 19 лица, откако кај нив била пронајдена дрога. Лишени од слобода се А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, […]

Грчките цариници во штрајк, премините Богородица, Дојран и Меџитлија во прекин

април 1, 2024

Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје, почувајќи од утре на полноќ, па до полноќ во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, соопшти Царинската управа. „На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен […]

Со нова пречистителна станица и реконструкција на колекторот ќе се заштити Дојранското езеро

октомври 27, 2023

Со 3,5 милиони евра, системски ќе се решава собирањето и пречистувањето на отпадните води во Дојран, а ќе се санира и колекторскиот систем. Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на почетокот на санацијата и реконструкцијата на колекторски систем и отпочнувањето на постапката за изградба на нова пречистителна станица во Дојран. Со проектот за санација и реконструкција […]

Пожари и кај Дојран и Демир Хисар

август 5, 2023

Два нови пожари попладнево на територијата на земјата. Силен пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму велат дека постои опасност од негово брзо ширење поради ветерот. Големиот хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР) со ведро под три тона е испратен на локацијата. Силен […]

Уште е активен пожарот кај Фурка, во последните 24 часа се изгаснати 12 пожари во земјава

август 8, 2022

Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци и понатаму е активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“. Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово околу […]

Фото-сторија: Пеликаните, кормораните и рибарите во заеднички риболов на Дојранското езеро

февруари 11, 2022

Кадроглави пеликани, заедно со традиционалните корморани и бројни рибари, деновиве се секојдневни гости на Дојранското езеро. Разновидните и многубројни риби се заедничкиот интерес којшто ги привлекува луѓето и птиците и во зимските месеци да се дружат со езерските води. Веќе подолг период наназад, водостојот на Дојранското езеро е повеќе од два и пол метри над […]

МВР одзеде документација од казино во Дојран заради сомнеж за фалсификување ковид сертификати

јануари 6, 2022

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица – ОВР Гевгелија во текот на вчерашниот ден по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран, информираат од Министерството за […]

Денеска почнува првото издание на Дојран Рок Фест

август 7, 2021

Денеска ќе се одржи првото издание на Дојран Рок Фест на плоштадот во Стар Дојран. Фестивалот, којшто претендира да постане традиционален во летниот период и во текот на наредните години, ќе биде отворен со настапот на пет различни музички групи од земјава, и тоа: Bad Obsession, High Voltage, Cruel, Daktili и The Chicks. „Особено сме […]

Викендов „Д фестивал“ со концерти од дома

јули 3, 2020

Десеттото роденденско издание на „Д Фестивал“ првично беше закажано за 3-5 јули во Дојран, па во таа чест, овој викенд трите фестивалски дена ќе се одбележат со журка од дома, информираат од тимот на „Д фестивал“. Викендов ќе бидат прикажани концертите на македонските артисти кои што настапувале во претходните изданија на овој фестивал, како Страјк, […]

„Д фестивал“ наместо во јули, ќе се одржи од 21 до 23 август

јуни 17, 2020

Поради пандемијата со корона вирусот, наместо на почеток на јули како досега, годинава „Д фестивал“ ќе се одржи од 21 до 23 август во Градскиот парк – Дојран. Целосната програма ќе биде објавенa на почеток на месец јули. „Според насоките од Светската здравствена организација, кои препорачаа враќање на фестивалите, изработивме детален предлог-протокол, поттикнат од позитивното […]

Земјотрес ноќеска во Дојранско

април 25, 2019

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, утринава во 3.11 часот регистрирала земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 150 километри југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а биле почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Заев: Има креативен напредок за името, но тоа се само идеи на маса

мај 5, 2018

Премиерот Зоран Заев во Дојран, коментирајќи ја вчерашната средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас во Солун, оцени дека е направен напредок во однос на наоѓање решение за проблемот со името. – Направен е напредок во делот на креативноста на изнаоѓањето на решенијата за она коешто за нас е важно да може […]

Средба на Иванов и Радев в недела во Дојран

мај 2, 2018

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, в недела 6 мај во Дојран ќе има средба со бугарскиот претседател Румен Радев, информираат од кабинетот на македонскиот претседател. Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов на покана на бугарскиот претседател Радев во јуни ќе биде во возвратна официјална посета на Република Бугарија, велат од кабинетот на Иванов. Бугарскиот […]

Владата го раскина договорот за „Казандол“

март 27, 2018

На денешната 61. седница, Владата донела одлука за едностран раскин на договорот за рудникот „Казандол“, информираше премиерот Зоран Заев на прес-конференција попладнево. Тој, напоменувајќи дека Владата е посветена на економскиот раст, но посебно на заштита на здравјето на граѓаните од општините Валандово, Богданци и Дојран, рече дека е донесена одлука еднострано да се раскине договорот […]

Утрово повторно земјотрес во Дојран со интензитет од 3,3 степени според Рихтер

јануари 5, 2018

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во дојранското епицентрално подрачје. Земјотресот бил регистриран утрово во 4 часот и 6 минути. Ова е еден од серијата земјотреси што оваа недела го тресат Дојран и околината. Вчера, земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала […]

Девет земјотреси почувствувани на југоистокот, најсилниот со 5,1 степени

јануари 2, 2018

Серија од девет земјотреси ноќеска и утрово ги исплашија жителите на југоистокот на Македонија. Земјотресите имаа епицентри на територијата на Грција, но во непосредна близина на Дојран и Гевгелија. Како што известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот потрес бил вчера во 23.13 часот а последниот во 7.50 часот. Најсилниот, од 5 степени, се случил утрово во […]

Дојранчани гласаа против рудници на нивна територија

јули 24, 2017

Жителите на Дојран денеска на референдумот гласаа против отворање на рудникот Казандол и против отворањето нови рудници. Според резултатите објавени од општинската изборна комисија, на референдумот излегле да гласаат 51,22 отсто од регистрираните гласачи или 1.407 од 2.747 полнолетни жители. На референдумот излегле доволен број гласачи за тој да биде успешен бидејќи цензусот е 50 […]

Страна 1 од 2