fbpx

Универзитетот „Мајка Тереза“ и формално стана сопственик на касарната „Илинден“

Со одлука на Владата, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално правно стана сопственик на дел од објектите во кругот на поранешната касарна „Илинден“ каде ќе биде сместен универзитетскиот кампус

-

Со одлука на Владата, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално стана сопственик на дел од објектите во кругот на поранешната касарна „Илинден“ каде ќе биде сместен универзитетскиот кампус. На последната владина седница просториите кои биле предвидени за оваа високообразовна установа и формално правно преминале во сопственост на универзитетот.

Од Министерството за образование информираат дека во дел од отстапените објекти веќе се реализираат градежни инвестиции за адаптација и опремување за потребите на наставно – научниот кадар и за студентите, за што средства се обезбедени преку буџетот на Министерството за образование и наука.

„Очекувам градежните активности да завршат час поскоро, бидејќи за волја на вистината недостигот на простор и услови, претставува голема препрека во работењето, а со надминувањето ќе се подигне мотивацијата за работа кај наставно – научниот кадар, но и за учење кај студентите“, рече Шаќири пред неколку месеци кога го означи почетокот на градежните работи.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во моментов функционира во објект во центарот на Скопје, како привремено решение до конечната изградба на универзитетскиот кампус. За шест години откако е основан на овој универзитет, на петте факултети во неговиот состав се нудат 36 студиски програми, на кои се запишале над 3.000 студенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...