fbpx

Украина уверена дека ќе обезбеди 50 милијарди евра помош од ЕУ и покрај ветото на Орбан

„Јасен е сигналот дека финансиската поддршка за Украина од ЕУ ќе продолжи“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи на Украина

-

Украина e убедена дека сепак ќе добие пакет помош од 50 милијарди евра од ЕУ, и покрај ветото на унгарскиот премиер, Виктор Орбан на самитот во Брисел, пренесува Гардијан.

„Јасен е сигналот дека финансиската поддршка за Украина од ЕУ ќе продолжи“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи на Украина. Се додава и дека парите ќе се користат за „модернизација“ на државата и забрзување на интеграцијата кон ЕУ.

Обезбедени се и над 200 милиони долари безбедносна помош за Украина по состанок со претседателот на Соединетите Американски Држави, но разговорите со републиканскиот претседател на конгресот, Мајк, Џонсон биле помалку плодни.

Сепак, претседателот на Украина доби добри вести во Осло, каде што се сретна со скандинавските лидери. Данска вети 1 милијарда евра воена помош, а Норвешка, Шведска, Финска и Исланд ветија свои билатерални пакети.

Инаку, борбите на фронтот продолжуваат во Украина. Денес украинските сили се бранат од руските напаѓачи во близина на Краснохоривка, Маринка и Новомихаиливка во регионот на Донецк, каде украинската војска одби 13 непријателски напади. Соопштението за ситуацијата го објавува Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Деведесет и шест борбени ангажмани се случиле на фронтот во изминатите 24 часа, а руските трупи извршиле два ракетни напади и 23 воздушни напади и отвориле оган со повеќекратни ракетни системи за лансирање врз украинските населби.

По нападите имало жртви кај цивилите како и штета врз домовите.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...