fbpx

Угинати кучиња-скитници на влезот од Тетово

-

Десетина пцовисани кучиња втор ден лежат кај претоварната станица на Јавното комунално претпријатие Тетово, лоцирана на влезот од градот. Лекарите првично проценуваат дека животните се отруени.

– Како што ги видов сликите, кучињата немаат физички повреди, околу устата имаат лигава материја, доказ кој првично укажува дека станува збор за масовно труење животни – изјави доктор Ратко Давидовски, вработен во Центарот за јавно здравје Тетово.

За да не настанат последици по здравјето на човекот, Давидовски апелира угинатите кучиња да се остранат и закопаат на соодветен простор.

Јавното комунално претпријатие Тетово е надлежно да изврши закоп на пцовисаните незгрижени животни. Но, оттаму сè уште немаат никаква информација за што станува збор, иако кучињата се на локација која претпријатието ја користи за претовар на ѓубрето.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство преку електронска пошта известија дека ќе направат увид на местото за да ја утврдат фактичката состојба и евентуалната одговорност за ваквиот случај. Казните за несоодветно закопување на угинати животни, во согласност со Законот за нус-производи, изнесуваат од 3.000 до 5.000 евра за правното лице. Предвидената казна за физички лица, во согласност со овој закон, се движи од 500 до 1.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...