fbpx

Вевчани – 180 години образование на мајчин јазик

-

Со традиција од 180 години во образованието, училиштето „Страшо Пинџур“ го одбележа денеска и вториот јубилеј – 100 годиони од раѓањето на патронат, по кој го носи името, народниот херој од Втората светска војна.

Основното училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани е едно од првите такви во Македонија, на мајчин јазик. Неговото институционално раѓање во 1835 година доаѓа како резултат на вековниот стремеж на вевчанци постојано да бидат во чекор со прогресот, а своето културно издигнување да го темелат на науката и на знаењето.

Од далечната 1835 година се зачетоците на училиштето, откако година пред тоа скадарскиот везир Афас дал одобрение за црква и за отворање училиште во Вевчани. Тогаш биле и првите форми на настава на дечињата собрани околу својот прв учител, вевчанецот Јован Киров, во ајатите на „Долна црква – Св. Богородица“, а потоа и околу други учители кои разговарале и ги подучувале своите ученици на народен мајчин јазик, ама ги учеле да пишуваат со грчка азбука.

Како што се менувало владењето над Македонија, така се менувале и туѓите политички и асимилаторски пропаганди, грчки, српски или бугарски, но Вевчани, со отворањето училиште, успевало да издржи и да се спротивстави на виорите на тие ненародни режими и туѓи асимилаторски влијанија.

Веќе во 1868 година, вевчанци си изградиле училиште во дворот на „Горна црква“, црквата „Св. Никола“ и децата од ајатите учат во новото училиште.

Училиштето во Вевчани се викало „Св. Пас“, а со намера да ги привлечат женските деца да го посетуваат училиштето, во учебната 1890/91 година отворено е женско училиште со име „Надежда“, кое работело до учебната 1898/99 година. Спроти Илинденското востание, во учебната 1902/03 година, направен е прв чекор за гимназиско образование, ама се запишале само четири ученици.

Во слободна Македонија, во 1945 година, почнува со работа вевчанското училиште, како сеумгодишно основно училиште со денешното име на ваташкиот херој и револуционер Страшо Пинџур, но повторно во црковното училиште, како и во приватни куќи, поради демолираноста на училишниот објект.

Денес училиштето има нов училишен објект, а наскоро се очекува и спортска сала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...