fbpx

Убиени 25 цивили во воздушни напади во Рака

-

Во воздушните напади на градот Рака, седиштето на Исламска држава во Сирија, загинале 25 цивили, меѓу кои и шест деца, соопштила сириската опсерваторија за човекови права, јавуваат светските медиуми.

Засега опсерваторијата не може да потврди кој ги изведува воздушните напади, во кои освен загинати, имало и десетици повредени лица, од кои некои биле во критична состојба.

Воздушните напади на Рака почнале откако претходните денови припадниците на ИД ја истерале сириската војска од провинцијата.

Сириските сили, кои ја имаат поддршката на Русија, во тие напади изгубиле најмалку 40 војници, соопштиле од опсерваторијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...