Рускиот пратеник Денис Вороненков, кој побегна од Москва од страв да не биде убиен од агентите на претседателот Владимир Путин, убиен е во Киев.
Вороненков, кој неодамна ја критикуваше и украинската влада, е убиен на улица сред бел ден.
Четириесет и петгодишниот Русин побегна од својата земја во октомври минатата година, заедно со својата сопруга, оперската певица Марија Максакова.
Тогаш изјави дека му е доста од „шизофренијата“ на руската влада. Вороненков се откажа од руското државјанство и доби украински пасош.