fbpx

Уапсени 23 лица поради бегството на Ел Чапо

-

Мексиканската полиција издала налог за апсење на 23 поранешни функционери, стражари и полицајци поради наводно помагање во бегството на нарко-кралот Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо.

Во изјава што ја даде за Сенатот, државниот обвинител Арели Гомез рече дека уште 10 лица кои учествувале во бегството на Гусман се наоѓаат во своевиден куќен притвор.

Меѓу оние на кои им се суди се наоѓаат и поранешниот координатор на федералниот затвор во Мексико, поранешниот генерален директор, девет набљудувачи од контролната соба во затворот Алриплано и командантот на затворот.

Гусман на 11 јули побегна од државниот затвор со максимален степен за заштита, низ тунел кој водел до неговата ќелија.

Гомез рече дека „тие што му помагале на Гусман да побегне, нема да ја избегнат правдата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...