fbpx

Твитер-војна меѓу Ципрас и Туск за бегалската криза

-

Грчката влада остро реагираше на твитот на првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, со кој тој ја поздрави одлуката на државите од Западен Балкан да се пломбира преминот за бегалци кај Идомени. Туск на „Твитер“ напиша дека одлуката за непропуштање бегалци кон Европа не е еднострана одлука на државите од Западен Балкан, туку е во согласност со договорот постигнат од лидерите на земјите членки од Европската Унија.

Објавата на Туск предизвика голема вознемиреност во Атина и доби остар одговор од премиерот Алексис Ципрас. Преку „Твитер“, Ципрас се спротивстави на ставот на Туск и истакна дека затворањето на балканската рута за бегалците е унилатерална одлука на извесни држави.

„ЕУ нема иднина ако продолжи вака. Очекуваме Туск да се фокусира на напорите да се имплементираат нашите заеднички одлуки, а не да ги охрабрува тие што ги игнорираат тие одлуки“, напиша Ципрас на „Твитер“.

Затворената порта за бегалците од македонска и од европска страна создава голема вознемиреност и страв во Грција дека може да дојде до насилни судири меѓу дел од бегалците на Идомени со полицијата. Се стравува дека лошите услови во кои живеат, неизвесноста, фрустрацијата и очајот може да ги доведат до драстични чекори. Бројката на бегалци што пристигнуваат во Грција и покрај најавите за затворените граници не се намалува. На островите секојдневно пристигнуваат околу 1.000 нови бегалци, а оттаму исто толкава бројка – секојдневно во Атина.

На пристаништето Пиреја во Атина каде се заглавени околу 4.000 бегалци, од денеска почнува акција за нивна релокација. За подобро да бидат организирани, дел од нив ќе бидат префрлени во прифатен центар во стари сали и во касарни во Северна Грција.
Сличен обид постои и за префрлање на дел од бегалците од кампот кај Идомени, каде условите поради дводневните врнежи се ужасни.

Неколку стотици бегалци, главно семејства, се согласуваат да бидат префрлени од кампот во прифатните центри за да го чекаат своето заминување во малку попристојни услови. Расчистувањето на кампот кој во Грција се оценува дека веќе излегува од секаква контрола е приоритет за грчката влада. Претставници на грчкиот центар за справување со кризи продолжуваат да ги информираат бегалците во кампот дека на само неколку километри од него има прифатни центри каде може да бидат привремено сместени, со подобри хигиенски услови и сместувачки капацитети.

Бегалците што се останати на Идомени се буквално заглавени во калта. Нивите каде се поставени малите камперски шатори се поплавени, опколени со кал и нечистотија. Се стравува од развивање болести и инфекции. Дури 70 деца се префрлени во болницата во Кукуш поради инфекции, респираторни и стомачни проблеми. Информациите се дека таму сè уште има околу 12.000 до 14.000 бегалци кои упорно се надеваат дека ќе се отвори границата и одбиваат да заминат во прифатните центри во страв каде ќе бидат пренесени потоа.

Процените од грчките власти се дека во земјата има повеќе од 35.900 бегалци. Справувањето со бегалската криза, грижата за бегалците и нивното сместување досега, според информациите на весникот „Катимерини“, ја чини државата 278 милиони евра од државната каса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...