Повеќе од 40 лица во северниот дел на Ирак се затруени од гас и имаат осипи откако припадници на Исламска држава го нападнале селото Таза со гранати и со ракети „катјуша“, полни со отровни материи.

Ниту еден човек не починал, но петмина се хоспитализирани.

Селото Таза се наоѓа на 20 километри од Киркук и е населено со Туркмени шиити. Селото е во регион кој е под контрола на Курдите.

– Имаше отровни материи во проектилите. Не знаеме точно какви – изјави гувернерот на провинцијата Киркук, Наџмудин Карим, при посетата на Таза.

Врз селото биле истрелани 24 проектили и ракети од соседниот реон Башир.