fbpx

Туск: Сите ќе настрадаат поради пропаднатите преговори со Грција

-

Пропаднатите преговори со Грција ќе се одразат врз сите, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Доналд Туск.

Тој потврди дека неделава истече крајниот рок до кога Грција требаше да го претстави новиот план за реформи.

Според Туск, тоа што не успеале да постигнат договор, би можело да ја одведе Грција во банкрот. Тој додаде дека сите инволвирани страни ќе страдаат доколку не се постигне компромис во следните четири дена.

– Доколку преговорите пропаднат, сите страни ќе загубат. Тоа ќе ѝ нанесе удар на економијата на Грција, а несомнено ќе се одрази и врз сите земји од еврозоната – рече Туск, додавајќи дека сите страни кои се одговорни за кризата треба да најдат заедничко решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...