fbpx

Турски „Пурпласт“ инвестира 5,1 милиони евра во нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2

-

Турската компанија „Пурпласт“, која има 40-годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во втората половина на 2021 година, ќе ја отвори својата нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2, во која реализира инвестиции од 5,1 милиони евра, а каде иницијално ќе се вработат од 40 до 50 лица.

Ова денеска беше соопштено на прес-конференцијата во Владата, каде што беше потпишан договорот за државна помош за реализација на оваа инвестиција, а на која присуствуваа заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и извршниот директор на „Пурпласт“, Мехмед Шишманоглу.

„Сакам да ја поздравам ажурноста на менаџментот на „Пурпласт“, кои досега веќе ја надминаа минималната сума на инвестиции предвидена во деловниот план, а која изнесуваше 4 милиони евра и инвестираа досега 5,1 милион евра во фабриката во Бунарџик, а за почеток се планира вработување на 40-50 лица. Се надевам дека ќе се остварат сите услови и дека развојните планови ќе продолжат, а тие предвидуваат инвестиции до 12 милиони евра и вкупно 215 работни места“, посочи Битиќи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски нагласи дека ова е втората објава на инвестиција во ТИР зоните во првите 45 дена од новата 2021 година, а воедно го презентираше пакетот за државна помош кој се содржи во договорот кој е потпишан со „Пурпласт“.

„Започнува со почетен инвестициски циклус од 5,1 милион евра и 50 од вкупно предвидени 200 вработени, наши сограѓани. Платите ќе се движат од 20.000 до 75.000 денари, сегмент кој внимателно ќе го следиме. Како Влада и како ТИРЗ продолжуваме со презентирање на конкретни резултати. Воведовме нова пракса на профилирање на инвеститорите и правење домаќински есап. Истиот покажува дека државата може за помалку од 10 години да очекува поврат на доделените државни средства по разни основи“, рече Деспотовски.

Извршниот директор на групацијата „Пурпласт“, Мехмед Шишманоглу, осврнувајќи се на ковид кризата кажа дека оваа година донесе промена која никој од нас не ја очекуваше, додавајќи дополнително ниво на предизвик за реализација на инвестицијата.

„Со нашата силна мотивација и верба во оваа инвестиција, ќе можеме да ја започнеме работата пред крајот на мај годинава и се надеваме дека ќе се сретнеме лично за време на нашата официјална церемонија на отворање летово“, нагласи Шишманоглу.

Реализацијата на оваа инвестиција започна во 2019 година, со подготовка на земјиштето на 1 јули 2020 година и за период од 7 и пол месеци завршени се 75 отсто од изградбата на објектите. Површината на градежно земјиште под закуп за „Пурпласт“ е 26.000 метри квадратни, во првата фаза се искористени 50 проценти од земјиштето. Втората фаза се очекува за 2025 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...