fbpx

Ципрас оптимист дека 2017 ќе биде одлична година за грчката економија

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази оптимизам дека Грција е пред економски развој и дека во 2017 година ќе се врати на светските пазари. Говорејќи за време на потпишувањето договор за нов фонд за коинвестиции со Европската инвестициона банка, Ципрас ја повтори волјата на грчката влада што побргу и навреме да се заврши втората проценка од страна на европските кредитори за да се зачува позитивниот момент кој е креиран и за државата да излезе од ситуацијата со поголем оптимизам.

– Економијата денес е на праг на закрепнување и промената на насоката е од историски размери ако се земе предвид дека економијата многупати беше на раб на бездна. Промената на насоката не е резултат на внатрешна девалвација, туку на спроведување план за активни промени и на реформи во економијата – истакна Ципрас.

Грчкиот премиер забележа дека следната година државата со брз ритам ќе се врати на пазарите и забележа дека е уверен дека не постои европска институција која посакува државата да остане заглавена како досега поради финансиската криза.

Новиот инвестициски фонд се очекува да добие финансии во висина од 260 милиони евра од европски и од грчки фондови и да ѝ помогне на државата да заработи околу една милијарди евра и да овозможи подобри услови за водење бизнис, производство и за задржување на академиците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...