fbpx

Омбудсманот Мемети тврди дека полициската бруталност е во пораст

-

Полициската бруталност во Македонија е во пораст и не постојат ефективни истраги, изјави денеска народниот правобранител Иџет Мемети, врз основа на сумираните податоци за 2016 година.

Зборувајќи на прес-конференција во Хелсиншки комитет за човекови права, Мемети рече дека канцеларијата на Народниот правобранител во врска со случајот „Диво Насеље“ поднела пет кривични пријави до јавниот обвинител, при што две веќе се отфрлени.

Две од кривичните пријави што не се отфрлени се однесуваат на сомневање за полициска бруталност при транспорт на обвинети лица од затворите во судовите, а една за бруталност на голем број затворски чувари брз обвинети лица.

– За жал, Јавното обвинителство повеќе ѝ верува на полицијата и на нивните искази дека немало бруталност отколку на доказите кои што ги нуди Народниот правобранител во кривичните пријави – рече Мемети.

Изјавата на Мемети беше дадена на промоција на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, кој треба да го утврди односот на медиумите кон канцеларијата на омбудсманот, а кој го спроведува НВО Инфоцентар во соработка со Хелсиншки комитет и е поддржан од САД.

Во првичниот период на надзор од 45 дена, биле набљудувани 12 медиуми, телевизии, печатени и интернет-медиуми, при што е констатирано дека постои селективен пристап кон активностите на омбудсманот.

Билјана Бејкова, раководителка на НВО Инфоцентар, изјави дека известувањето на медиумите за омбудсманот е неутрално и информативно. Таа додаде дека се забележува поголема покриеност на канцеларијата на народниот правобранител кај критичките медиуми, додека мала или никаква кај таканаречените провладини медиуми и дека поголем број од вестите се објавуваат на интернет-порталите отколку на телевизиите.

Правобранителот Мемети изрази жалење бидејќи неговата работа е најмалку покриена од јавниот сервис, кој има законска обврска да ги следи активностите и на омбудсманот.

Уранија Пировска, директор на Хелсиншки комитет, рече дека јавноста нема сенс за работата и за активностите на народниот правобранител иако наскоро ќе се слави 20 години од постоењето на оваа институција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...