Под целосна морална и материјална одговорност, на судски записник, како и секој друг криминалец што сака да ја избегне правдата, аболираниот Зоран Заев го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, изјави денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
– Аболираниот криминалец Заев лажеше без око да му трепне само за уште еднаш да одложи рочиште и да го развлече предметот за поткупот што го бараше од струмички бизнисмен по неговиот принцип „евро за црквата, евро за Вицето“. Италијанскиот амбасадор веднаш ја демантираше информацијата дека воопшто имал каква било средба. На истото рочиште, аболираниот криминалец Зоран Заев најпрвин бараше изземање на обвинителот. Повторно со лага дека се водела кривична постапка против него – вели Данев.
Данев додаде дека институциите не смеат веќе да ги толерираат манипулациите на, како што рече, патолошките лажговци.