fbpx

Трамп е подготвен за војна со Северна Кореја, тврди сенаторот Грејем

-

Американскиот сенатор Линдзи Грејем изјави дека претседателот Доналд Трамп е подготвен за војна со Северна Кореја доколку Пјонгјанг продолжи да се обидува да ги погоди САД со нуклеарни проектили.

– Претседателот Трамп рече: „Нема да ви дозволам да направите интерконтинентална балистичка ракета со боева глава за да ја погодите Америка“. Тие се движат во една насока и нема да ја напуштат ако не мислат дека на маса има веродостојна воена опција – рече републиканскиот сенатор за телевизијата „Ен-би-си“.

Грејем рече дека постои воена опција, а тоа е уништување на севернокорејската програма и на самата Северна Кореја.

Северна Кореја во петокот лансираше интерконтинентална ракета за која тврди дека би можела да досегна до територијата на САД.

Поради тоа, Трамп изрази незадоволство кон Кина и во саботата изјави дека нема да му дозволи на Пекинг да не прави ништо во врска со Северна Кореја.

– Да сум Кина, би се обидел да направам нешто. Северна Кореја ќе биде запрена, или воено или дипломатски – рече Трамп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...