Дел од учениците од Земјоделското училиште кои следат настава на македонски јазик, со протестен марш по улиците, го искажаа незадоволството поради новиот начин на полагање државна матура и екстерно тестирање.

Учениците Македонци и од другите тетовски училишта ја бојкотираа наставата.

Тие велат дека имале притисоци да се откажат од протестите и да се вратат на настава.

– Некои од професорите се обидоа да нè натераат да ги извадиме книгите и тетратките за да почнеме со настава. Ние тоа го одбивме. Некои дури почнаа да предаваат, но залудно, никој не ги слушаше – изјави средношколец од средното економско училиште.

Средношколците најавија дека ќе ги напуштат училиштата и секојдневно ќе протестираат по градските улици доколку и понатаму продолжат притисоците кон нив.

– Ако има притисоци, веднаш ќе организираме масовни протести – велат средношколците.

Раководствата на тетовските училишта, за доцна попладнево имаат закажано средба со родителите на учениците.

З.Д.