fbpx

Шекеринска за БТВ: Системот на Груевски е во фаза на распаѓање

-

„Најголемиот удар врз власта е што сите овие податоци што тие ги користеле против нас, против граѓаните на Македонија, сега се свртеа против нив. И тоа е проблемот со сите автократски раководители. Тие мислат дека ако ги држат сите информации, ако ги држат сите конци в раце, дека вечно ќе владеат. Тоа е невозможно“, рекла заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во интервју за бугарската приватна национална телевизија БТВ.

„Овој систем полека, но сигурно е во фаза на распаѓање. Недовербата е голема внатре, меѓутоа не смееме да ги потценуваме бидејќи покажаа дека се способни да направат многу злодела. Ние рековме, спремни сме за преговори, за Македонија да излезе од кризава на најмирен можен начин. Ќе преговараме за начинот на кој оваа Влада треба да замине во историјата, со преодна влада, со промени на клучните функции, особено во Обвинителството. Да ѝ дадеме шанса на Македонија да одлучи за својата иднина. Доколку тоа не функционира, очигледно е дека работите ќе се влошат во Македонија. Меѓутоа, незадоволството е големо. Граѓаните имаа страв, но тој страв веќе се губи. И не е случајно тоа што во Македонија, во последниве четири-пет месеци, има серија на различни демонстрации. Различни групи протестираат, и средношколците, и новинарите, и студентите, и професорите. Тоа е резултат на чувството дека мора да се избориме за уште една шанса за Македонија“, рекла Шекеринска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...