По дводневен бојкот, од утре, учениците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ повторно ќе одат на училиште.
Ова беше договорено на вчерашниот состанок на градоначалничката Теута Арифи со управата на гиманзијата и со советот на родители.
Наставата, според договорот, нема да се одвива во досегашната барака, туку ќе биде најдено привремено решение што ќе биде договорено во текот на утрешниот ден.