fbpx

Тетовската болница никако да се опреми со нови лифтови, одново ќе има тендер

И покрај големата потреба од долгорочно решение за лифтовите, бидејќи вработените во болницата сами ги симнуваат телата на починатите по скалите, надлежните со години не наоѓаа решение

-

Тетовската болница никако да се опреми со пет нови лифтови за кои досега се зборуваше толку многу. Овие лифтови нема да се инсталираат уште неколку месеци, бидејќи Министерството за здравство вчера распиша нов тендер, пренесува Порталб.мк.

Повикот за новите лифтови на тетовската болница според огласот за јавна набавка ќе трае до 04.03.2024 година, по што ќе следат други административни процедури.

Во октомври 2023 година  беше најавено дека петте лифтови во тетовската болница ќе бидат поставени пред Нова година, но тоа не се случи.

Причина за ова е што Комисијата за јавни набавки ја укина претходната постапка за лифтовите на тетовската болница, и ја започна постапката од почеток, затоа што имаше жалба за одлуката за избраниот понудувач.

Сегашните лифтови во тетовската болница се стари и постојано се расипуваат, и честопати долго време не работат.

И покрај големата потреба од долгорочно решение за лифтовите, бидејќи вработените во болницата сами ги симнуваат телата на починатите по скалите, надлежните со години не наоѓаа решение, само ветуваа, а до денес нема решение.

Порталб.мк континуирано известуваше за ова прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...