fbpx

Терористички напад во Одеса

-

Експлозија одекна во Одеса, во зградата во која се сместени канцелариите на ултрадесничарското движење „Десен сектор“. Нема загинати, ниту повредени.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е можно да се работи за терористички напад, пренесува „Танјуг“.
– Инспекторите привремено ја квалификува експлозија како терористички напад – се вели во соопштението на министерството.

Локалните власти соопштија дека станува збор за рачно изработена експлозивна направа и оти силата на експлозијата била еднаква на еден килограм ТНТ.

Експлозијата се случила 30 минути по полноќ по локално време, на приземјето од трикатна зграда, каде што се канцелариите на „Десен сектор“, кој е забранет во Русија како екстремистичка организација.
Првиот кат од зградата е уништен, а прозорците се распукани сè до третиот кат, како и на околните објекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...