Поради врнежи од снег, на планинските превои Стража и Маврово – Дебар, забрането е движење на тешки товарни возила.
Како што информираат од АМСМ и од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
АМСМ препорачува особено да се внимава на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.