Во Иран вчера беше забележана највисоката температура во јуни во Азија откако се води евиденција – неверојатни 53,7 Целзиусови степени измерени во југозападниот град Ахваз.
Претходниот рекорд за јуни за Иран изнесувал 53 Целзиусови степени. Но, ако се земе предвид топлинскиот индекс, кој ја зема предвид и влажноста на воздухот, температурата одговарала на 61,1 Целзиусови степени.
Ако, пак, се земе предвид само топлинскиот индекс, тогаш во иранскиот град Бандар Махшахр на луѓето им било пожешко – живееле како да се изложени на температура од 73,8 Целзиусови степени.