fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев до Тимоние: Подготвени сме за брзо и ефикасно спроведување на реформите

Премиерот Зоран Заев денеска со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние разговарал за приоритетите на новата Влада, како и за отворањето на перспективите на Република Македонија кон Европската Унија и кон НАТО. - Подготвени сме за брзо, квалитетно и ефикасно спроведување на клучните реформи што ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани, а ќе ги осигураат и евроатлантските интеграции на Македонија -...

Заев: Со Хан в понеделник ќе ги договараме првите реформски приоритети

Премиерот Зоран Заев вчера, при посетата на Порој, одговарајќи на новинарско прашање, потврди дека в понеделник ќе ја оствари првата официјална посета на Брисел и првата средба со еврокомесарот Јоханес Хан, на која ќе се договараат првите реформски приоритети што треба да ги реализира новата влада. На првата официјална посета, премиерот ќе биде придружуван од вицепремиерот Бујар Османи, министерот...

Заев и Ципрас разговарале за билатералните односи, името и за интеграциите на Македонија

Билатералните односи, спротот за името и евроатлантските интеграции на Македонија биле теми на телефонскиот разговор на македонскиот премиер, Зоран Заев, и премиерот на Грција, Алексис Ципрас. Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му честитал на Заев за стапувањето на функцијата. Двајцата премиери разговарале за развојот на настаните во регионот, понатамошниот развој на односите помеѓу двете земји и за унапредувањето на...

Колку може Зврлевски да остане на функцијата – роковите велат уште најмногу 30 дена

Новата Влада на вчерашната седница поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, која, според законските решенија, може да трае неколку дена, но и подолго од еден месец. Владата, како што беше соопштено вчера, бара разрешување на Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата. Сепак, пред предлогот да се најде пред пратениците во Собранието, кое одлучува за...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев лаже за амнестијата, за празниот буџет и за јавниот долг

„Лагите на Заев нема да го подобрат стандардот на граѓаните. Тие очекуваат од него да ги исполни ветувањата што ги даде пред избори, а не со манипулации и со дезинформации да ги дефокусира од обврските што ги презеде“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение. Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија, реагираат од...

Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ барала амнестија, Заев тврди дека не прифатил

Имаше барања од врхушката на поранешната владејачка партија, но тие барања беа отфрлени, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за националниот сервис МРТВ, одговарајќи на прашањето дали во изминатиот период имало разговори за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека правдата мора да важи за сите, односно дека дури и неговите најблиски соработници и членови на семејството ќе треба...

Заев смета дека државата има скриен долг од околу една милијарда евра

Просечната плата од 500 евра веројатно ќе стане реалност во 2019 година, изјави вечерва премиерот Зоран Заев, додавајќи дека тоа е две и пол години од почетокот на мандатот на новата влада. Тој, во интервјуто на националниот сервис со уредници од телевизиите, рече дека потребни се консултации за да се види каде треба да се направат промени за да се...

Заев ќе ја убедува Грција да дозволи да влеземе во НАТО под референцата

Премиерот Зоран Заев во интервју за МРТВ изјави дека планира експертската бранша да биде вклучена во изборот на јавниот обвинител, но и експерти да ја водат државната телевизија. Заев истакна дека разрешувањето на јавниот обвинител и измените во судството се неопходни, имајќи предвид дека проблемите со правосудниот систем се постојано нотирани во извештаите на Европската комисија. - Размислувањата кои ги имам јас...

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев највисок приоритет му е да се спаси од кривичен прогон

Трагично за државата е што СДС на своите први седници на Влада наместо да донесе одлука за зголемување плати и пензии, зголемување на субвенции, мерки и проекти за отворање нови работни места или донесување нови инвестиции, носи одлука за разрешување на републичкиот јавен обвинител, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на иницијативата на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. „Заев е исплашен од...

Беса: Владата на Заев што побргу да обезбеди праведни судски одлуки

Со барање да се обработат, како што велат, монтираните случаи против Албанците, „Монструм“ и „Сопот“, како и со барање владата на Зоран Заев „што побргу да овозможи праведни судски одлуки и еднаш засекогаш да престане функционирањето на правдата со двојни стандарди“, се огласи денеска Движењето Беса. Движењето вели дека и по формирањето на новата влада „за жал, има сигнали за...

Заев до Марковиќ: Приемот на Црна Гора во НАТО е силна мотивација за новата влада

Премиерот Зоран Заев испрати честитка до премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, за приемот на Црна Гора во Северноатлантската алијанса (НАТО). „Овој сигнал на отворени врати на Алијансата е силна мотивација за новата влада на Република Македонија да продолжи да работи според демократските вредности и владеењето на правото, вложувајќи во потребната модернизација на Армијата според стандардите на НАТО, за во најкус можен...

Денеска Владата одржува нова седница

Втората седница на Владата почна во 12 часот. Се очекува и на оваа седница да се расправа за кадровските решенија во министерствата и во институциите. Владата вчера на првата седница ги формираше работните тела и комисии. Премиерот Зоран Заев за вицепремиери ги именуваше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите без ресор Бујар...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови проекти – првата мерка на СДСМ е уривање

Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на СДСМ во 2017 година е уривање на нешто што е веќе изградено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение денеска. Партијата порачува дека граѓаните се против антиреформи. „Владата на Заев не губи...

Почна првата седница на новата Влада

Почна првата седница на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Половина час пред почетокот на седницата, новинарите имаа можност да го разгледаат ентериерот на зградата на Владата, која првпат беше отворена за јавноста по нејзиното реновирање. Отворени беа и трите главни влеза од оградата на владината зграда, за која Заев најави дека ќе се бара законско решение и мислења...

Заев – Жбогар: Сега е време да почне вистинската работа со реформите

Првиот состанок како премиер на владата го одржав со амбасадорот Самуел Жбогар и со неговиот тим, затоа што нема поважна работа за Македонија од интеграциите во ЕУ и во НАТО, изјави премиерот Зоран Заев по состанокот. На средбата било разговарано за работите што треба новата влада да ги направи во процесот на евроинтеграциите, како и за веќе почнатите проекти, но посебен акцент...

Заев: На првата седница се економските закони и кадровските решенија

Пакет економски закони, распределување на ресорите и портфолијата на министрите без ресори, поставување на заменици на претседатели на Владата, избор на генерален секретар и шеф на кабинет и формирање на постојните и на адхок комисиите, ќе бидат темите на дневен ред на денешната прва седница на новата Влада, закажана за 14 часот, најави премиерот Зоран Заев. - Мој прв впечаток е...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат да почнат да се градат 500 километри автопат

„СДСМ даде ветувања кои не може да се остварат само со интриги, манипулации и со лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните очекуваат СДСМ да почне и да изгради нови 500 километри автопат. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари, пензионерите повисоки пензии, а вработените - просечна плата од 30.000 денари“, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Партијата нагласува дека во текот на нејзиното владеење од...

Заев до Меј: Македонија решително стои до Британија против насилството и тероризмот

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, денеска испрати телеграма со сочувство дo премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, по синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој животите ги загубија седум лица, а 48 се повредени. „Во име на граѓаните на Република Македонија, на Владата на Република Македонија и во мое лично име изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во ужасниот...

Италијанскиот премиер Џентилони го покани Заев на самитот во Трст

Премиерот на Италија, Паоло Џентилони, испрати честитка до новиот премиер, Зоран Заев, за формирањето нова влада, соопшти денеска италијанската амбасада во Скопје. Џентилони, исто така, го поканил Заев да учествува на самитот во Трст, кој се одржува во рамки на Процесот Западен Балкан. https://twitter.com/ItalyinMKD/status/870642288141193216 И шефот на италијанската дипломатија, Анџелино Алфано, испрати честитка до неговиот нов колега, министерот за надворешни работи на...

Премиерот Заев го осуди нападот врз Тодоров

Премиерот Зоран Заев по примопредавањето на должноста со досегашниот, техничкиот премиер Емил Димитриев, го осуди атентатот врз министерот за здравство во заминување Никола Тодоров. - Јас го осудувам ваквиот начин. Не ги знам деталите, Оливер Спасовски ме информираше дека се работи за некое физичко лице кое што директно посегнало по пиштол. Не знаеме детали околку самиот настан, но целосно го...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...