Колку може Зврлевски да остане на функцијата – роковите велат уште најмногу 30 дена

-

Новата Влада на вчерашната седница поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, која, според законските решенија, може да трае неколку дена, но и подолго од еден месец.

Владата, како што беше соопштено вчера, бара разрешување на Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата. Сепак, пред предлогот да се најде пред пратениците во Собранието, кое одлучува за именувањето и за разрешувањето на јавниот обвинител, Владата треба да добие мислење од Советот на јавни обвинители.

Според членот 67 од Законот за јавно обвинителство, Советот има рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот, да достави до Владата, образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма.

Доколку Советот на јавни обвинители од оправдадни причини не го направи тоа во предвидениот рок, тогаш, според законот, му се даваат нови 15 дена.

„Ако Советот на јавни обвинители на Република Македонија од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата на Република Македонија, рокот од ставот се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата на Република Македонија“, стои во ставот 8 од членот 67 од Законот за јавно обвинителство.

Додека трае процедурата во Советот на јавни обвинители, чиј актуелен претседател е Петар Аневски, државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, има право писмено да се произнесе за предлогот на Владата за негово разрешување. Но, тој нема право да учествува на седницата на Советот на јавни обвинители, чиј член е по службена должност, на која ќе се расправа по предлогот за разрешување. На седницата не може да учествува ниту министерот за правда.

Инаку, безмалку е идентична и процедурата за именување нов државен јавен обвинител, каде Владата, исто така, има обврска да побара мислење од Советот за јавни обвинители за предложените кандидати. Различно, во тој случај, е само тоа што доколку Советот не излезе со мислење и по вториот рок од 15 дена, се смета дека дал позитивно мислење, односно се согласува со предложената листа на кандидати за јавен обвинител на Република Македонија.

Премиерот Зоран Заев вчера повторно го повика Зврлевски да си поднесе оставка и со тоа да ја забрза процедурата за негово разрешување.

Премиерот наведе и дека очекува на местото на Зврлевски, за нов јавен обвинител да биде именуван експерт и порача дека никој не треба да има политички амбации во однос на изборот на прв човек на Јавното обвинителство.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...