fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев: Има три варијанти за продолжување на мандатот на СЈО

Ќе направам сè што е во моја надлежност за рокот за поднесување обвиненија на СЈО да се продолжи, изјави премиерот Зоран Заев, по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство, каде во својство на сведок и оштетен даваше исказ за случајот „Таргет“. Тој наведе три можности за решавање на ова прашање. Едната, како што рече, е преку измени на Законот за СЈО...

Заев и Верушевски пристигнаа во СЈО, но не дадоа изјава за новинарите

Премиерот Зоран Заев и поранешниот директор на Управата за безбедност и за контраразузнавање, Зоран Верушевски, попладнево во 14.30 пристигнаа во Специјалното јавно обвинителство, каде треба да дадат исказ за случајот „Таргет“. Верушевски пристигна во придружба на адвокатот Филип Медарски. Тој и Заев не дадоа изјави за новинарите пред да влезат во СЈО. Случајот „Таргет“ се однесува на незаконското следење на комуникациите,...

Заев и Верушевски денеска ќе даваат исказ во СЈО за „Таргет“

Премиерот Зоран Заев и поранешниот директор на Управата за безбедност и за контраразузнавање, Зоран Верушевски, денеска треба да се појават и да дадат исказ во Специјалното јавно обвинителство во врска со случајот „Таргет“, потврдија за „Мета“ од СЈО. Според информациите, Заев и Верушевски треба да пристигнат во СЈО во 14.30 часот, по претходна покана од обвинителството. Случајот „Таргет“ се однесува на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не се обесхрабрува пред грчките црвени линии

Целта на патувањето во Брисел не смее да бидат само најави за разгледување на можностите за членство на Република Македонија во НАТО, туку мора да се испорачаат резултати, порача ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение. Опозициската партија порачува дека СДСМ не смее да попушти пред грчките црвени линии и порачува министрите да внимаваат какви изјави даваат. „СДС не треба да одмолчува и да...

Столтенберг: НАТО останува на ставот од Букурешт – да се реши спорот за името

НАТО и остатокот од меѓународната заедница беа шокирани од нападот во Собранието, истакна генералниот секретар на НАТО, Јен Столтенберг, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев. Тој истакна дека од април досега е направен голем напредок во Македонија, но дека новата влада треба да работи на подобрување на доброто владеење, владеење на правото, зајакнување на демократските институции, подобрување на...

Хан: Прво е потребен позитивен извештај од ЕК, а потоа и согласност од 27 членки за преговори

Формирањето на новата влада е позитивен развој кој го рефлектира демократскиот исход од изборите од декември, порача еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција во Брисел со премиерот Зоран Заев. - Македонија сврти нова страница по политичката криза, која траеше предолго. Ова е нов почеток, но има многу за работа за да се спроведат реформските приоритети – рече Хан. Тој истакна дека е...

Заев побара поддршка од Туск за решавање на блокадата на процесот на пристап кон ЕУ

На средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Брисел, денеска македонскиот премиер Зоран Заев порачал дека новата влада е подготвена да води квалитетен реформски процес, но истовремено ја нагласил важноста на поддршката од Европскиот совет за наоѓање решенија да се спречи билатералните прашања да претставуваат пречка за процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ. На средбата, премиерот бил...

Могерини до Заев: Ако се спроведат реформите, ЕУ е подготвена да возврати

Првата официјална дипломатска посета што се реализира во Брисел, заедно со министрите задолжени за реализација на надворешно-политичките приоритети на Македонија, ја покажува одлучноста на Владата на Република Македонија за забрзување на евроинтегративниот процес, изјавил премиерот Зоран Заев на средбата со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. - Во интерес на граѓаните на Македонија е...

Заев попладнево ќе има одделни прес-конференции со Хан и со Столтенберг

Премиерот Зоран Заев и еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, попладнево во 14.30 часот ќе имаат заедничка прес-конференција. На прес-конференцијата ќе бидат соопштени детали од разговорите што Заев ги имал со Хан во однос на европската перспектива на Македонија, како и за можноста за отстранување на условеноста од препораката за членство на земјата во ЕУ. Се очекува Заев...

Заев во Брисел ќе ја потврди посветеноста на Владата на евроатлантските интеграции

Премиерот Зоран Заев денеска е во прва официјална посета на Брисел, откако стапи на премиерската функција. Заев, кој е придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и од министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе има средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика...

Заев утре првпат официјално во Брисел, на средби со Туск, Могерини, Хан и со Столтенберг

Премиерот Зоран Заев утре во Брисел ќе се сретне со високи претставници на ЕУ и на НАТО, информираат од Владата. Ова претставува прва официјална посета по преземањето на должноста претседател на Владата. Оттаму велат дека целта е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграциите во ЕУ и во НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира...

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски не е способен да организира миење на службено возило на МВР

„Оливер Спасовски го надмина и својот шеф Зоран Заев и пред цела јавност покажа дека не е способен да организира миење на службено возило на МВР, со кое се возат највисоки странски делегации. Затоа наместо настапи на кои ќе промовира некоја реформа или успешна акција, Спасовски излегува со манипулации“, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава...

Спасовски го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра што МВР го купи за Груевски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра што беше купен од поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, преку МВР, за потребите на поранешниот премиер, Никола Груевски, а за кој јавноста дозна во 31.„бомба“ што ја објави премиерот Зоран Заев, тогаш лидер на опозицискиот СДСМ. - Како министер во техничката влада, ветив дека веднаш штом ќе...

Меркел до Заев: Ја имате поддршката на Германија, се гледаме на 12 јули

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска испратила честитка до Зоран Заев по повод неговиот избори за премиер и по повод формирањето на новата Влада. „Срдечно Ви честитам за Вашиот избор за премиер. Сојузната влада решително ја поддржува целта на понатамошното приближување на Вашата земја до Европската Унија и НАТО. Сојузна Република Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби“, вели...

Заев со амбасадорката на ОБСЕ договарал соработка за реформите

На денешната средба на премиерот Зоран Заев со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, е разговарано за можноста Мисијата на ОБСЕ во Скопје да помогне во реформските процеси во судството, медиумите, полицијата, меѓуетничките односи и неколку други области, соопштија од Владата. На средбата премиерот нагласил дека новата власт ќе дефинира краткорочна и среднорочна агенда за реформскиот процес, чија цел се евроатлантските...

Туск и Јункер му го честитаа на Заев изборот за премиер

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, денеска испратиле честитка до Зоран Заев по повод неговиот избор за премиер и за формирањето на новата Влада. „Формирањето на новата Влада нуди можност за придвижување надвор од рамките на политичката борба што ја држеше земјата назад толку долго. Наредниот период ѝ нуди на новата Влада можност...

Заев – Кара: Владата ќе ги унапредува односите со сите држави, особено со пријателските

Премиерот Зоран Заев денеска имал средба со амбасадорката на Турција во Македонија, Еркал Кара, на која било поздравено пријателството меѓу две земји и била изразена подготвеност за унапредување на соработката базирана на демократски принципи, на економски план, како и во сите области од интерес на граѓаните. „Примарна цел на Владата е да ги унапредува односите со сите држави, особено со земјите...

Заев денеска се сретнал со делегација на Енергетската заедница

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со делегација на Енергетската заедница, предводена од претседателот на оваа меѓународна организација, Јанез Копач. „На средбата се разговараше за реформските приоритети на новата Влада во енергетскиот сектор, планираните проекти, како и за потребата од побрзо усогласување на закондавство во земјава со европското законодавство во оваа област“, се вели во соопштението на Владата. Премиерот посочил дека Македонија...

Илиоски: Заев врши притисок и го заплашува обвинителството

Зоран Заев со првата изјава како премиер изврши еклатантен притисок и заплашување на обвинителството, барајќи неговиот прв човек да си даде оставка, обвини Зоран Илиоски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. - Зоран Заев еднаш беше аболиран за криминал тежок 8 милиони евра од страна на Бранко Црвенковски, а вторпат награден од Катица Јанева со отфрлање на кривичната пријава против...

Заев до ракометарите: Вашиот успех е мотив Владата силно да го поддржи спортот

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со ракометарите на „Вардар“ кои го освоија првото место во Лигата на шампиони, со раководството на клубот, како и со претседателот и со претставници на Ракометната федерација на Македонија. Тој, од името на Владата, им врачи плакета за благодарност. „Вашиот успех е амбасадорска промоција на Македонија, не само во Европа, туку и во светот. Исто така,...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...