fbpx

Илиоски: Заев врши притисок и го заплашува обвинителството

-

Зоран Заев со првата изјава како премиер изврши еклатантен притисок и заплашување на обвинителството, барајќи неговиот прв човек да си даде оставка, обвини Зоран Илиоски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев еднаш беше аболиран за криминал тежок 8 милиони евра од страна на Бранко Црвенковски, а вторпат награден од Катица Јанева со отфрлање на кривичната пријава против него за случајот „Пуч“. Зоран Заев не може да се помири со фактот дека надлежното јавно обвинителство не сака да ги следи овие срамни примери и води постапки и за барањето „Поткуп“, но и за изборните измами. За изборните измами јавното обвинителство веќе влезе во Општина Струмица и одзеде бројни материјали кои може да послужат во понатамошната постапка – рече Илиоски.

Илиоски обвини дека покрај сето тоа, причина за вчера почнатата постапка од страна на Владата за смена на јавниот обвинител Марко Зврлевски е и тоа што „голем дел од кабинетот на Заев не само што бил гонет за криминал, туку имало и судски пресуди против нив“, наведувајќи ги шефицата на кабинетот на Заев, министрите Ибраимовски, Мерко, Дураку и Лика.
– ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците и во судската и во обвинителската бранша да не подлегнуваат на притисоците и на заканите од СДС, да работат стручно и професионално, исклучиво според Уставот и законите – рече Илиоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 илјади гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...