Билатералните односи, спротот за името и евроатлантските интеграции на Македонија биле теми на телефонскиот разговор на македонскиот премиер, Зоран Заев, и премиерот на Грција, Алексис Ципрас.
Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му честитал на Заев за стапувањето на функцијата.
Двајцата премиери разговарале за развојот на настаните во регионот, понатамошниот развој на односите помеѓу двете земји и за унапредувањето на мерките за градење доверба, кои се од големо значење, стои во соопштението.
Ципрас во разговорот ги подвлекол грчките позиции околу прашањето за името. Истовремено биле дискутирани и европските и евроатлантските перспективи на Македонија.