fbpx

Заев до Марковиќ: Приемот на Црна Гора во НАТО е силна мотивација за новата влада

-

Премиерот Зоран Заев испрати честитка до премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, за приемот на Црна Гора во Северноатлантската алијанса (НАТО).

„Овој сигнал на отворени врати на Алијансата е силна мотивација за новата влада на Република Македонија да продолжи да работи според демократските вредности и владеењето на правото, вложувајќи во потребната модернизација на Армијата според стандардите на НАТО, за во најкус можен рок да ја обезбеди атлантската иднина и на Република Македонија“, се вели во честитката на Заев.

Во честитката се додава дека примерот што го дава Црна Гора е порака дека ако има политичка волја и граѓанска свест за важноста на потребните реформски процеси, тогаш нивното исполнување се реализира со потребната динамика и тоа ги отвора перспективите и за луѓето и за државата.

„НАТО е, пред сè, сојуз на демократии и граѓаните на Македонија, на Црна Гора и на целиот регион имаат потреба да бидат дел од цивилизираниот свет што носи стабилност и безбедност“, се додава во честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...