fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат да почнат да се градат 500 километри автопат

-

„СДСМ даде ветувања кои не може да се остварат само со интриги, манипулации и со лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните очекуваат СДСМ да почне и да изгради нови 500 километри автопат. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари, пензионерите повисоки пензии, а вработените – просечна плата од 30.000 денари“, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Партијата нагласува дека во текот на нејзиното владеење од 2006 година успеала стапката на невработеност од 38 отсто да ја намали „на најниски во историјата на независна Македонија 23,1 отато“ и дека донела многу странски инвестиции.

„Донесовме огромен број странски инвестиции, а Македонија е рангирана на високото десетто место во светот, а петтото во Европа за водење бизнис, според извештајот на Светска Банка, „Дуинг бизнис“, извештај на кој во времето на СДС бевме на срамното 96. место. ВМРО-ДПМНЕ повторно ја врати довербата на граѓаните во државата, кои 11 години по ред на сите изборни циклуси гласаат за програмата на партијата“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...