четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Зоолошка градина Скопје | 37 резултати

Чистењето на линданот од ОХИС главна тема во новата епизода на „Шорткат“

март 24, 2022

Почетокот на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС, но и здравствените проблеми коишто може да ги предизвика линданот, се главната тема која што ја третираме во новата епизода на емисијата „Шорткат“. Во 29-тото издание на „Шорткат“, ќе можете да се запознаете и со проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ којшто се реализира […]

По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња [Фото]

март 20, 2022

По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња, соопшти прес-службата на Град Скопје. „Лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште“, истакна директорот на Зоолошката градина – Скопје, Кристијан Стаменов. […]

[Фото] Жирафите и лемурите вчера го прославија Валентајн во скопската Зоолошка

февруари 15, 2022

Денот на вљубените вчера го прославија и дел од животните во скопската Зоолошка градина. Вработените од ЗОО Скопје се дружеа со жирафите и лемурите, а нашиот фото-репортер ја овековечи нивната дружба. Редакцијата на Мета.мк искрено се надева дека вљубените синоќа си поминаа романтично на Валентајн, додека за оние што вчера го славеа Свети Трифун се […]

Уште едно бебенце од реткиот вид белорак гибон се роди во Зоо Скопје

декември 29, 2021

Зоолошката градина во Скопје објави уште една среќна вест. Во нивното животинско царство се родило уште едно бебенце, станува збор за редок вид белорак гибон. „Во Зоо Скопје, на мама Бетка и тато Џорџ им се роди уште едно бебенце од видот белорак гибон. Полот сè уште не го знаеме бидејќи не сакаме да ја […]

(Видео) Шимпанзото Коко го прослави 26-тиот роденден со вкусна торта

декември 27, 2021

Популарното шимпанзо Коко наполни 26 години, а вработените во Зоолошката градина Скопје му приредија вкусно изненадување. „Роденденот го прослави заедно со својата Зоо негувателка Билјана со која се родени на ист ден. Подароци и торти направени од ориз, јатки и овошје покрај славеникот, добија и останатите шимпанза“, објавија од Зоо Скопје. „Среќен 26-ти роденден Коко. И понатаму да бидеш најсакан од […]

Зоо Скопје ја доби првата инклузивна сликовница за деца и млади печатена со видно и Брајово писмо

декември 26, 2021

„Другарите од Зоолошка градина“ е авторско дело на Гордана Симоновска Момировска и преку оваа сликовница дечињата со оштетен вид ќе имаат можност да читаат сами, а другите дечиња да се запознаат со Брајовото писмо и начинот на кој се описменуваат слабовидните и слепи лица, соопштија од Зоо Скопје на промоцијата на првата зоо инклузивна сликовница. […]

Скоро две децении државата никако да го основа центарот за згрижување на диви животни

декември 11, 2021

Иако концептот за правата на животни обично се поврзува со заштита и благосостојба на домашни животни, еднакви права имаат и дивите животни. Нивната заштита е предвидена со Законот за заштита на природата, каде се предвидува заштита на биолошката разновидност која ја сочинуваат и дивите животни и Законот за ловство, а и Кривичниот законик. Сепак, поразителен […]

Новата сензација во Зоолошката во Скопје: Бебето мармозетче порасна доволно за да се слика и да прави фризури

октомври 22, 2021

Кога се роди на 26 септември, џуџестото мармозетче беше минијатурно како нокт. Тогаш вработените во Зоолошката градина Скопје рекоа дека е толку мало што дури не се гледа на камера. Сега порасна доволно за цврсто да се држи за неговите родители, да им прави фризури и да позира пред објективот на Мета.мк. „Во Скопје Зоо […]

Скопје на +40 степени: Слоновите во Зоолошката градина се ладат, работниците на скелиња градат [фото]

јули 30, 2021

Топлиот бран што ја зафати земјава на почетокот од неделава планира да потрае барем уште една недела. Во Скопје живата во термометарот веќе го достигна 40 – тиот степен, а од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска предвидуваат максимални 42 Целзиусови степени во главниот град. Високите температури и сончевото време ја доведоа земјава во […]

Отворен Дино паркот во Скопје – 41 реплика со движења и звуци ќе ги забавуваат граѓаните [галерија]

мај 29, 2021

Скопје доби нова туристичка атракција, Дино паркот лоциран веднаш до скопската зоолошка градина синоќа беше официјално отворен за посетители. За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, […]

Во скопската зоолошка градина пристигнаа шест нови пингвини од Русија

мај 17, 2021

Во Зоолошката градина Скопје пристигнаа шест нови пингвини од Русија, со кои во иднина ќе можат да се дружат посетителите. Станува збор за три машки и три женки од видот хамболт, информираат од скопската Зоолошка градина. „Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие […]

По два и пол месеци, во вторник се отвора Зоолошката градина

мај 24, 2020

На 26 мај повторно се отвора Зоолошката градина во Скопје со работно време од 9 до 18 часот. Оттаму информираат дека посетата ќе се одвива со нов протокол за движење. Бројот на посетители ќе биде ограничен, a носењето маска при влез и одржување дистанца при шетањето е задолжително, велат од Зоолошката градина. Скопската зоолошката градина […]

Зоолошка: Дино умре од повреди во тепачка со друг мајмун

јануари 23, 2017

Зоолошка градина – Скопје попладнево се јави со демант на обвинувањата од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, дека младиот мајмун Дино, роден во март 2015 година, умрел од сепса и со тешки повреди предизвикани од вработен, кои не биле санирани. Од Зоолошката ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека повредите на Дино му биле нанесени […]

Страна 2 од 2