По два и пол месеци, во вторник се отвора Зоолошката градина

Фото: Фејсбук страна на Зоолошка градина Скопје

На 26 мај повторно се отвора Зоолошката градина во Скопје со работно време од 9 до 18 часот. Оттаму информираат дека посетата ќе се одвива со нов протокол за движење.

Бројот на посетители ќе биде ограничен, a носењето маска при влез и одржување дистанца при шетањето е задолжително, велат од Зоолошката градина.

Скопската зоолошката градина беше затворена на 11 март согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, со цел спречување на ширењето на корона вирусот.