(Видео) Шимпанзото Коко го прослави 26-тиот роденден со вкусна торта

Фото: Зоо Скопје

Популарното шимпанзо Коко наполни 26 години, а вработените во Зоолошката градина Скопје му приредија вкусно изненадување.

„Роденденот го прослави заедно со својата Зоо негувателка Билјана со која се родени на ист ден. Подароци и торти направени од ориз, јатки и овошје покрај славеникот, добија и останатите шимпанза“, објавија од Зоо Скопје.

„Среќен 26-ти роденден Коко. И понатаму да бидеш најсакан од сите нас, особено од екипата што се грижи за тебе – му посака Тина Мицковска“, заменик директорката на ЗОО-Скопје.

Шимпанзото Коко, во јули 2019 година се врати по 10 години ресоцијализација во Холандија, а со него дојдоа и трите шимпанза Мими, Роси и Хјасл.

На 1 јануари следната година во Зоо Скопје ќе се слави уште еден роденден. Што мислите, кој ќе биде славеникот?