fbpx

Скопје на +40 степени: Слоновите во Зоолошката градина се ладат, работниците на скелиња градат [фото]

-

Топлиот бран што ја зафати земјава на почетокот од неделава планира да потрае барем уште една недела. Во Скопје живата во термометарот веќе го достигна 40 – тиот степен, а од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска предвидуваат максимални 42 Целзиусови степени во главниот град. Високите температури и сончевото време ја доведоа земјава во портокалово ниво на опасност од високите температури.

Како функционира Скопје на +40 степени? Објективот на фото-репортерот на Мета.мк „прошета“ низ главниот град за да ги долови моментите како функционира градот на овие високи температури.

Фото: Мета.мк

Во Зоолошката градина Скопје двете слоници Дуња и Даела добија разладување од летните горештини. Вработените од Зоолошката со млаз вода се обидоа да им ги направат поудобни жешките часови поминати на сонце на овие две убавици.

Фото: Мета.мк

Во централното градско подрачје, нашиот фото-репортер затекна и еден работник качен на скеле, кој си зеде час оддишка од тешката физичка работа на високите температури.

Фото: Мета.мк

Од Министерството за здравство пред два дена информираа за препораките кои треба да се почитуваат за време на тековниот топлотен бран.

Владата им препора на компаниите да го организираат работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, за да се избегне престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Оваа препорака особено се однесува на градежните работници, кои се директно изложени на сонце при вршењето на работните активности.

Уште една препорака од властите е и ослободувањето од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Инаку, ова е втор продолжен топлотен бран што ја зафати нашата земја годинава, по првичниот кој пристигна уште на крајот на јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.