fbpx

Зоолошка: Дино умре од повреди во тепачка со друг мајмун

-

Зоолошка градина – Скопје попладнево се јави со демант на обвинувањата од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, дека младиот мајмун Дино, роден во март 2015 година, умрел од сепса и со тешки повреди предизвикани од вработен, кои не биле санирани. Од Зоолошката ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека повредите на Дино му биле нанесени во тепачка со друг мајмун, која се случила на 18 декември, а веднаш потоа бил однесен на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, но не ја преживеал операцијата.

„На 18 декември, при меѓусебен конфликт на два мајмуни од видот павијан, едниот од павијаните, познат во јавноста како Дино, како резултат на конфликтот доби тешка повреда на предната нога. Веднаш беше однесен на Факултетот за ветеринарна медицина, при што беше извршена ветеринарна интервенција за санирање на повредата. За наша и Ваша жал, павијанот Дино не ја преживеа операцијата“, велат од Зоолошката, во реакцијата на обвинувањата од „Анима мунди“.

Здружението за заштита на животните претходно праша дали повредите биле предизвикани од вработен во Зоолошката и обвини дека на Дино не му била пружена ветеринарна грижа, а вработените биле залажувани и притиснати да молчат.

„Дали е вистина дека умрело по една недела страдање од физичка повреда (отворена рана и скршена нога), која била предизвикана од вработен, а која никако немало да биде фатална доколку на мајмунчето му се укажала соодветна ветеринарна помош. Имено, нè информираат дека по цела недела агонија и болка, мајмунчето умрело од сепса, а вработените биле залажувани и притиснати да молчат“, стои во соопштението на „Анима мунди“ што беше објавено претходно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...