Зоо Скопје ја доби првата инклузивна сликовница за деца и млади печатена со видно и Брајово писмо

Фото: Зоо Скопје

„Другарите од Зоолошка градина“ е авторско дело на Гордана Симоновска Момировска и преку оваа сликовница дечињата со оштетен вид ќе имаат можност да читаат сами, а другите дечиња да се запознаат со Брајовото писмо и начинот на кој се описменуваат слабовидните и слепи лица, соопштија од Зоо Скопје на промоцијата на првата зоо инклузивна сликовница.

Пристутните на промоцијата заедно со Дедо Мраз имаа можност да ги слушнат и дечињата Тина и Филип кои на Брајово писмо прочитаа стихови од книгата посветена на животните од Зоолошка градина.

„Чест ни е што токму едно инклузивно издание посветено на зоолошката ќе биде вистински бисер за збогатување на библиотечниот фонд за најмладите генерации, со и без попреченост во видот“, нагласија од Зоо Скопје изразувајќи голема благодарност до авторката Гордана Симоновска Момировска, писателот Горјан Петревски, актерката Снежана Коневска Руси и дечињата од драмското студио, како и на здружението „Раст“ и „Баланс Мк-Асоцијација за детски дијабетес“ кои го разубавеа денот во Скопје ЗОО.

Под мотото „Читаме без дискриминација“ со секој купен примерок купувачите даваат хуманитарна поддршка на Сојузот на слепи лица од Велес