fbpx
Таг: ЗНМ

таг: ЗНМ

ЗНМ во борба со лажните вести со етичкиот кодекс од 2001 година

Здружението на новинарите на Македонија испрати примероци од Kодексот на новинарите на Македонија до сите медиуми регистрирани во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. „Етичкиот кодекс на ЗНМ беше усвоен во 2001 година и првпат беше дистрибуиран до сите медиуми во земјата. Поради неодамнешните случувања и претстојните локални избори, се појави потребата од негово повторно претставување.Како и во другите професии,...

Селмани: Правдањето на Владата дека нема пари за МРТВ е неубедливо и несериозно

За Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е неприфатливо тврдењето на Владата дека нема пари за финансирање на МРТВ со еден отсто од државниот буџет, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Здружението неодамна ги достави своите забелешки за измените и за дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од кои главната...

Новинарските здруженија бараат 30 милиони евра за МРТ од буџетот на државата

Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија до Министерството за информатичко општество и администрација доставиле забелешки за нацрт-законот за изменување и за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Новинарските организации сметаат дека еден процент од буџетот на државата треба да се одвои за финансирање...

ЗНМ и Манчевски разговараа за можното субвенционирање на весниците

Здружението на новинарите на Македонија заедно со претставници на печатените медиуми, денеска со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, разговараа за можноста за субвенционирање на печатените медиуми во Македонија. Темата беше иницирана од ЗНМ за да се помогне на весниците да се прилагодат на новите услови за работење на пазарот, особено по појавата на интернетот и на социјалните...

Спасовски: Полицијата некогаш не презела мерки во врска со нападите врз новинарите

Министерството за внатрешни работи изработило посебна анализа на истрагите за 53 напади на новинари евидентирани од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и утврдило дека во одредени предмети не се остварени дејства и постапки кои требало да бидат преземени во кратки временски интервали за да се добијат валидни резултати. Тоа го нагласил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на...

ЗНМ ги осуди заканите на симпатизери на ДУИ кон екипа на ТВ „Шења“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осуди заканите на симпатизерите на ДУИ кон екипа на телевизијата „Шења“, која вчера била попречена во известувањето за комуналните проблеми во општина Чаир. „Ги повикуваме надлежните институции да ги идентификуваат насилниците и да ги изведат пред лицето на правдата. Насилството против новинарите и медиумските работници е неприфатливо и претставува напад врз демократијата“, стои...

ЗНМ бара повеќе пари за финансирање на МРТ, ССНМ – подобри услови за новинарите

На јавната консултација со новинарските и со медиумските организации посветена на реформите во медиумите, која ја организираше Министерството за информатичко општество и администрација, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, ја критикуваше одлуката на Владата во ребалансот на буџетот да обезбеди само 3,2 милиони евра за финансирање на „Македонската радио-телевизија“ во последните три месеци од 2017...

На барање на обвинителството, судот му го укина притворот на Зоран Божиновски

На барање на јавното обвинителство, Кривичниот суд Скопје му го укина притворот на новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Како што соопшти денеска Основниот суд Скопје 1, судијката Ленка Давитковска, која го суди предметот против Божиновски, на денешната главна расправа го прифатила предлогот на јавниот обвинител за укинување на притворот. На Божиновски, додаваат од судот, наместо...

Новинарските здруженија ги изнесоа барањата за итни медиумски реформи

Група новинарски и медиумски организации до Владата поднесоа барање за спроведување системски медиумски реформи, во кое се нагласени приоритетните законски измени и мерки што треба да се спроведат. Од Владата е побарано да почне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на...

ЗНМ и Ванхауте: Медиумските реформи мора бргу да се реализираат

Здружението на новинари на Македонија ја поздравува заложбата на Владата за итни медиумски реформи кои ќе се базираат на предлогот подготвен од европскиот експерт Питер Ванхауте и поддржан од ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) и од Институтот за комуникациски студии (ИКС). Претседателот...

ЗНМ побара од Владата заштита на новинарите од насилство од државни институции

Премиерот Зоран Заев и министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска со белгискиот експерт Питер Ванхауте и со претставниците на ЗНМ разговараа за состојбата во медиумите и за претстојните реформи. На средбата било заклучено дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество, a Ванхауте, кој беше олеснувач во Договорот од Пржино, и претставниците на ЗНМ ја...

ЗНМ и Ванхауте лобираат кај новата влада за спроведување на реформите во медиумите

Поранешниот посредник на ЕУ во Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхауте, оваа недела е во посета на Скопје на покана на Здружението на новинари на Македонија, за да лобира кај новата влада за спроведување на медиумските реформи. Ванхауте денеска, заедно со претставници на ЗНМ, се сретнал со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и со претставници на...

ЗНМ повика да биде ослободен Зоран Божиновски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) инсистира новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода. Од здружението порачуваат дека долгиот притвор веќе не е во функција на судскиот процес, туку се претворил во своевидна казна за новинарот. „Го повикуваме обвинителот Златко Биковски да го повлече барањето за притвор, а судијата...

ЗНМ и ССНМ му предложиле решенија за медиумски реформи на премиерот Заев

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) денеска се сретнале со премиерот Зоран Заев, при што се разговарало за итните медиумски реформи. Заев изразил подготвеност за спроведување на сите реформи неопходни за да се обезбеди слобода на информирањето. Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис, и претседателот на ЗНМ, Насер...

ЗНМ ги осудува заканите за „Порталб“ и нападот на екипата на „Телевизија 24“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осуди најновите напади и закани против новинари, кои се случија минатата недела. Здружението порача оти овие сериозни инциденти покажуваат дека насилниците не се обесхрабрени од промената на власта и ѝ порача на новата власт дека вистинската реформа на медиумите ќе почне дури кога ќе престанат нападите врз новинарите, што може да...

Извештај на ЕП: Македонија на дното по медиумски слободи на Балканот

Македонија се наоѓа на последното место на Западен Балкан за почитување на медиумските слободи, оценува „Истражувачкиот центар на Eвропскиот парламент“, кој во мај годинава објави извештај за состојбата со слободата на говорот во земјите од Балканот, соопшти денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). „Трендот на ерозија на слободата на медиумите е особено забележлив во Македонија, која бележи најголем пад...

ЗНМ бара укинување на притворот на Зоран Божиновски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) очекува судот итно да го укине притворот на новинарот Зоран Бижиновски и да му дозволи да се брани од слобода во постапката што се води против него за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Од ЗНМ денеска соопштија дека негови и претставници на Хелсиншкиот комитет, на 5 мај оваа година, го посетиле Божиновски во...

Европскиот центар за медиумски слободи и ССНМ бараат гонење на насилниците

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) ја пофали храброста на новинарите кои вчера известуваа и го документираа насилството и побара органите на прогонот веднаш да излезат со обвинителни акти. Истовремено, упати силна осуда за беснеењето и за пасивноста на полицијата. „Политиката на етикетирање, говор на омраза, вербално насилство кон новинарите која синоќа кулминираше во Собранието со напад...

Гутиерез: Владини функционери вршат притисок врз новинарите во Македонија

Во Македонија владини функционери користат неновинарска реторика и има притисок врз новинарите на кои им се заканува затвор, смета генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез. - Ова е моја четврта посета на Македонија од 2013 година и сè уште сум загрижен за состојбата со медиумите. Се забележува притисок врз новинарите и употреба на неновинарска реторика од повеќе...

ЗНМ: Стрмоглав пад на медиумските слободи и влошување на состојбата на новинарите

„Владата во 2016 година ги користела сите инструменти на власта за да ја ограничи слободата на говорот и да ги контролира медиумите. Послушните медиуми ги наградува со јавни пари, додека новинарите што ја критикуваат, постојано ги напаѓа и ги изложува на разни притисоци“, порача Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Претседателот на ЗНМ презентираше и бројки...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...