Гутиерез: Владини функционери вршат притисок врз новинарите во Македонија

-

Во Македонија владини функционери користат неновинарска реторика и има притисок врз новинарите на кои им се заканува затвор, смета генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез.

– Ова е моја четврта посета на Македонија од 2013 година и сè уште сум загрижен за состојбата со медиумите. Се забележува притисок врз новинарите и употреба на неновинарска реторика од повеќе владини функционери, како и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Новинарите во Македонија, освен со закани, се соочуваат и со затвор. Македонија е една од петте земји во Европа што има новинари во затвор, заедно со Турција, Азербејџан, Црна Гора и со Русија. Целосно неприфатливо за европските стандарди е кога новинари се држат долго време во притвор, како што е случајот во Македонија. Според нас, медиумите во Македонија веќе се соодветно регулирани и сметаме дека не се потребни дополнителни закони за регулација. Прекумерната регулација е спротивна на европските стандарди – изјави Гутиерез.

Дека не е потребна дополнителна регулација, смета и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој рече дека новинарите и медиумите се изложени на жесток притисок од власта, која со гола сила сака да ги замолчи.

– Воведување на повеќе закони ќе значи помала слобода на медиумите. ЗНМ ја отфрла глупавата идеја за дополнителна регулација на медиумските содржини. Тие треба да се решаваат со саморегулација, а не со мешање на државата – вели Селмани.

За извештајот на „Репортери без граници“ и рангирањето на Македонија на 111. место според индексот на слобода, односно скокот од седум места во споредба со претходниот извештај, кога Македонија беше на 118. место, Гутиерез рече дека тоа не е вистински напредок.

– Вистински напредок би било ако Македонија се врати на нивото на кое беше пред пет-шест години, кога беше на 34. позиција – додаде Гутиерез.

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец,...

АХВ: Неделава спроведени вонредни контроли и во кујните на приватните градинки

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли. Со надзори, во текот на оваа недела опфатени беа 38 кујни...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите...