ЗНМ и ССНМ му предложиле решенија за медиумски реформи на премиерот Заев

-

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) денеска се сретнале со премиерот Зоран Заев, при што се разговарало за итните медиумски реформи. Заев изразил подготвеност за спроведување на сите реформи неопходни за да се обезбеди слобода на информирањето.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис, и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, ги презентирале приоритетните решенија предложени од двете тела за подобрување на состојбата со слободата на медиумите. Биле презентирани модели за финансирање на медиумите, реформата на јавниот сервис, подобрување на работничките права во редакциите и за зголемување на транспарентноста и на отчетноста на институциите.

Според соопштението, премиерот покажал подготвеност и политичка волја да се прекине практиката на насилство врз новинарите и да се направат сите неопходни законски измени за гарантирање на слободата на говорот и на независноста на медиумите.

Премиерот Заев посочил дека Владата е целосно насочена на тоа  да создаде услови за објективно и професионално работење на медиумите.

– Владата е подготвена во соработка со новинарските здруженија и организации да спроведе итни и квалитетни  медиумски реформи. Граѓаните имаат право да бидат навремено и точно информирани. Лошата состојба со медиумите во Македонија, констатирана во извештаите на сите домашни и меѓународни организации, оваа влада ќе ја смени. Целта на новата влада  е да го заштити достоинството на новинарите и медиумските работници, тие да работат без притисоци, слободно и професионално. За таа цел ќе ги земеме предвид приоритетите изложени од ЗНМ и од ССНМ како неопходни во медиумската сфера – рекол Заев, според соопштението од Владата.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...