ЗНМ: Непримерна реакција на кабинетот на Иванов кон уредникот на „Вест“
18 септември 2015
Здружението на новинарите на Македонија го осудува непримерниот одговор на кабинетот на Претседателот на Република Македонија кон дневниот весник „Вест“, а поврзан со вчерашниот напис „Потписот на Ѓоле вреди 6.000 евра“. Имено, „Вест“ вчера објави текст во кој се вели дека ставањето потпис на Законот за специјален обвинител чинeло 6.000 евра. Денеска со реакција се јавија […]