fbpx
Таг: ЗНМ

таг: ЗНМ

ЗНМ бара нова истрага за смртта на Никола Младенов

„Македонските институции треба да формираат мешовита независна комисија, која ќе води нова истрага за да ги отфрли или потврди сомневањата во јавноста дека новинарот Никола Младенов не загинал во сообраќајна несреќа, туку дека врз него бил извршен атентат“, стои во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), објавено по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, кој се одбележува...

ЗНМ: Испраќањето погребен венец на новинарот Јованоски е кукавички чин

Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осудува морбидната закана по живот на новинарот Борјан Јованоски и на неговото семејство. Испраќањето венец со порака „последен поздрав“ во домот на новинарот Јованоски е кукавички чин, вперен против сите новинари во Македонија, пишува во соопштението на ЗНМ. „Силно се солидаризираме со Јовановски, а на испраќачите на ваквите закани им порачуваме дека новинарите...

Дебатата за МТВ ги подели новинарите

На моменти со висок тон и со крајно спротиставени ставови помина денешната дебата насловена „Каков јавен сервис ѝ е потребен на Република Македонија“, организирана од ЗНМ. За членовите на ЗНМ, МТВ е непрофесионален јавен сервис кој не е во интерес на граѓаните, додека за уредниците на МТВ, тие се објективни и професионални. Сепак, на крајот, новинарите се договорија следната дебата...

Совет на честа на ЗНМ: Новинарите да го почитуваат Кодексот

Поради се почестите претставки од граѓани, фирми и граѓански организации за пишувањето и за известувањето на радиодифузерите, печатените медиуми и на интернет-порталите, Советот на честа изразува загриженост поради непридржувањето кон Кодексот на новинари. Исто така, непримерна е злоупотребата на новинарите од разни центри на моќ, кои влијаат да промовираат сопствени интереси. „Советот на честа укажува дека сите што работат во...

ЗНМ: Власта ја злоупотребува лустрацијата за пресметка со критичките новинари

Со актуелизирањето на лустрацијата на новинари, власта сака да го дефокусира вниманието на јавноста од сериозната политичка криза во која се наоѓа земјата, се вели во писмената реакција на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во врска со решението со кое Комисијата за верификација на фактите ја прогласи новинарката Јадранка Костова за соработник на тајните служби. „Лустрација на новинари во време...

МАН: ЗНМ се стави во функција на СДСМ

ЗНМ молчеше кога СДСМ и Заев објавуваа непотврдени разговори на други новинари кои, според СДСМ, не се блиски на опозицијата, а реагира на најава на разговори блиски до СДСМ кои не се објавуваат јавно, за разлика од  другите новинари, се вели во соопштението на Македонската асоцијација на новинари (МАН) по повод, како што велат „настаните поврзани со објавување приватни...

Ризаов, Цветковска, Апостолов и Младеновски ги добија наградите на ЗНМ

Награда за животно дело од Здружението на новинари на Македонија доби вчера новинарот Ерол Ризаов. Наградени беа и новинарите Сашка Цветковска, Владо Апостолов, Мери Јордановска и Менде Младеновски. Тие ја добија наградата „Јашар Еребара“ за едногодишно остварување за истражувачко новинарство во медиумите. Здружението на новинари одбележа 69 години постоење.

ЗНМ: Костовска покажа како уредниците треба да се справуваат со притисоци

Здружението на новинарите на Македонија е сериозно загрижено од информациите дека Ивана Костовска, главна и одговорна уредничка на веб-порталот „Телеграф.мк“ и на веб-порталот на англиски јазик „Индепендент.мк“, си поднела оставка. „Костовска на 16 февруари писмено ги има известено одговорните во компанијата „Медиа принт Македонија“, дека врз неа менаџментот врши притисок да објавува или сокрие информации на двата медиуми за кои...

ЗНМ ги осуди заканите на Обвинителството кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува заканите за кривичен прогон на новинарите, упатени од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ако објавуваат материјали што можат да станат предмет на кривична постапка. „Ваквото однесување на обвинителството е бесмислено затоа што дрско бара да се укине улогата на медиумите како коректив на властите во едно демократско...

ЗНМ: Брутална манипулација на МРТ за дневно-политички потреби

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува бруталната манипулација на јавниот сервис Македонска радиотелевизија за дневно партиско-политички потреби. МРТ се финансира од радиодифузна такса на граѓаните и треба да служи на јавниот интерес, сметаат од здружението. „Дебатната емисија емитувана во живо во недела, во 20 часот, водена од одговорниот уредник Горан Петревски, каде тема на разговор беше аферата „Пуч“, е...

Новинарот Кежаровски избран за потпретседател на ЗНМ

Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на својата последна седница одржана вчера, едногласно го избра новинарот Томислав Кежаровски за потпретседател на ЗНМ. Тој претходно беше избран за член на Управниот одбор на ЗНМ, односно на последното Собрание на здружението кое се одржа во декември минатата година. Кежаровски во моментот се наоѓа на условен отпуст, откако беше експресно затворен...

Кежаровски е пуштен, ама го држат на кратко условно јаже

Новинарот Томислав Кежаровски е на слобода. Како што ненадејно беше затворен, по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд за две години затвор, така новинарот експресно и ненадејно е пуштен со решение за едномесечен отпуст. Денеска судот објави дека го прифатил барањето за условен отпуст на Кежаровски. Редоследот на настаните и околностите го наметнуваат прашањето дали по сите перипетии и судски контроверзии, Кежаровски...

Чаусидис до Попоски: Најопасни се незнаењето и свесната глупост

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска изјави дека е нејасно зошто новинарите вчера протестираа за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски кога тој веќе бил пуштен на слобода од затворот „Скопје“. - Повеќето од нас не разбираат за што беше протестот бидејќи, знаеме, сите беа информирани дека лицето кое го споменавте е на слобода. Мислам дека би било погрешно да...

„Јас сум Кежаровски“: Новинарите се солидаризираа со својот колега

Со транспаренти „Јас сум Кежаровски“, напишани на француски, како аналогија на манифестирањето солидарност по масакрот во „Шарли ебдо“, македонските новинари и новинарски задруженија денеска пред Апелацискиот суд го искажаа својот револт од пресудата на судот со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор во случајот „Ликвидација“. Новинарите се солидаризираа со својот колега и најавија понатамошни чекори за...

Реакции: Скандалозна и политичка е одлуката за казната на Кежаровски

„Скандалозна и политичка, а не судска одлука“ е ставот на новинарските здруженија и на новинарите по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд, со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна за случајот „Ликвидација“, во кој беше обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок. Утре, во 11 часот, пред Апелацискиот суд е закажан собир на новинарите...

ИВЗ го осуди терористичкиот напад во Париз

Исламската верска заедница денеска испрати реакција во која категорично се вели дека насилството не е дел од исламот, алудирајќи на терористичкиот напад во редакцијата на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, каде десет новинари и двајца полицајци ги загубија животите. „Со длабока огорченост ја добивме веста за терористичкиот напад во Париз, Франција. Тајните ги знае само севишниот Алах, но како што...

Насер Селмани реизбран за претседател на ЗНМ

Досегашниот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани од дневниот весник „Вест“, со освоени 154 гласови, повторно е избран за претседател и во наредните четири години ќе го предводи здружението на новинари. Неговиот противкандидат, Семи Мехмети, уредник на порталот „Алмакос“, на денешните избори освои 21 глас. На изборите за членови на управен одбор на ЗНМ, најмногу гласови освои новинарот...

ЗНМ со декларација побара ослободување од вина на новинарот Томислав Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на денешното редовно изборно собрание, едногласно усвои Декларација за Томислав Кежаровски, со која побара негово ослободување од вина. - Ние, македонските новинари, и денеска и одовде од изборното собрание на ЗНМ, упатуваме уште еднаш силна поддршка за нашиот неправедно осуден и притворен колега, Томислав Кежаровски. Бараме од Апелацискиот суд во Скопје, додека сè уште...

Уште еден кандидат за нов претседател на ЗНМ

Актулениот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, кој беше единствен кандидат за нов претседател на здруженито, кој се избира денеска, доби противкандидат, јавува „Радио Слободна Европа“. Семи Мехмети, уредник на порталот „Алмакос“, својата кандидатура ја достави денеска, на денот на гласањето. ЗНМ денеска избира претседател и членови на управниот одбор, на надзорен одбор и членови на Советот...

Денеска се избира нов претседател на ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска ќе избира нов претседател и членови на управниот одбор, членови на надзорниот одбор и на Советот на честа. Освен актуелниот претседател, Насер Селмани, засега нема други кандидати за претседател. Заинтересираните за оваа функција своите кандидатури ќе можат да ги поднесат и денеска. Актуелниот претседател, Насер Селмани беше избран на изборното собрание што се одржа...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...