fbpx
Таг: жртви

таг: жртви

Повеќе од 1.000 жртви поради жештината во Пакистан

Бројот на жртви на жешкиот бран што ги погоди градот Карачи и пакистанската покраина Синд, се зголеми на повеќе од 1.000 лица, соопштија денеска официјалните лица во Исламабад. Најголем дел од жртвите се постари лица од сиромашни семејства од најголемиот град Карачи, во кој температурата последните денови надминува 45 Целзиусови степени. Во борбата со екстремно високата температура учествува и војската, која поставила...

Бројот на жртви од топлотниот бран во Пакистан достигна 450 лица

Повеќе од 450 луѓе умреле во последните три дена во топлотниот бран што го погоди југот на Пакистан, соопштија локалните власти, што е двојно поголем број од бројката објавена вчера. Најголем број од починатите се во Карачи, најголемиот град во земјата, со 20 милиони жители, каде температурата достигнува и до 45 Целзиусови степени, а често се случуваат и прекини на електричната енергија...

Тројца загинати полицајци во престрелките во Куманово, акцијата е при крај

Тројца припадници на безбедносните органи загинале во престрелките во полициската акција во Куманово која е при крај и се претресуваат последните куќи во регионот на Диво Насеље. Оваа информација ја пренесуваат медиумите од Куманово, но за неа сè уште нема официјална потврда. Според истите неофицијални извори, повредени се уште десетина лица, а наводно на полицијата ѝ се предале 30-тина терористи. Во меѓувреме, жителите...

Во Куманово уште се пука, се евакуира населението од подрачјето на акцијата

Жителите на Диво Насеље во Куманово се евакуираат, а полициската акција сè уште трае. Во населбата повремено се слушаат пукотници. Приодот до населбата е затворен, освен за полициски и за возила на Брза помош. Нема официјална информација за точниот број на повредени лица или за жртви, иако во соопштението на Амбасадата на САД беше изразено „сочувство за загинатите“. Неофицијално се говори дека 20...

Одржана комеморација за жртвите во несреќата на „Џерманвингс“

Околу 1.400 луѓе, меѓу нив и 500 членови на семејствата на жртвите, присуствувале на комеморацијата која во знак на сеќавање на 150 патници што ги загубија животите во авионската несреќа на „Џерманвингс“ денеска се одржа во катедралата во Келн, пренесува ХРТ. На комеморацијата, на која била одржана екуменска богослужба, присуствувале германската канцеларка, Ангела Меркел, францускиот министер во владата, Ален Видалие,...

На 17 април Германија ќе одржи комеморација за жртвите од несреќата на „Џерманвингс“

На 17 април Германија ќе одржи национална комеморација и помен на жртвите од авионот на германската компанија „Џерманвингс“, кој со 150 патници и членови на екипажот се урна на француските Алпи, соопштиле денеска властите на Северна Рајна Вестфалија, пренесуваат агенциите. Церемонијата ќе биде одржана во Катедралата во Келн, во западниот дел на Германија, од каде потекнуваат најголем број од жртвите,...

Бангладеш: 68 загинати во бродолом

Бројот на загинатите во бродоломот што се случи по судир меѓу траект и товарен брод на реката Падма во централен Бангладеш се искачи на 68, пишува весникот „Дејли стар“. Повикувајќи се на изјави на очевидци, весникот пишува дека досега се извлечени 41 тело. Меѓу 80 и 90 патници се спасени или сами успеале да допливаат до брегот, додека уште 38 лица се...

Украина: Нови жртви пред почетокот на прекинот на огнот

Дваесет и осум лица загинаа во жестоките судири во Украина, кои го одведуваат во прашање спроведувањето на мировниот договор од Минск, што треба да почне вечерва на полноќ. Официјален Вашингтон ја обвини Москва дека и понатаму продолжува да разместува тешко вооружување во завојуваните зони, а Киев тврди дека е засилено гранатирањето на цивилните области. Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека бомбардирањето цивили...

АИ: Двете страни се виновни за убивање на цивили во Украина

„Амнести интернешнел“ соопшти дека има собрано многу докази за убиства на цивили што во изминативе денови биле извршени и од проруските сепаратисти и од украинските сили во Источна Украина. Оваа организација ги обвини и двете страни за кршење на меѓународното хуманитарно право со напади врз Донецк, кој е под контрола на проруските сепаратисти, и врз Дебалцеве, град што го држат...

Потребна е регионална соработка во борбата против трговијата со луѓе

Целокупната енергија и напор вложени во борбата против трговијата со луѓе, овозможија значително зајакнување на капацитетите и поголема успешност во борбата против ова зло, е дел од заклучоците на регионалната работилница насловена „Регионална соработка за поефикасен одговор во борбата против трговија со луѓе“, што се одржа во Охрид. Во изминатите 11 месеци, до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и...

Австралискиот премиер положи цвеќе пред кафулето „Линд“

Цвеќе во знак на сеќавање на жртвите на заложничката драма што вчера се одигра во кафулето „Линд“ во центарот на Сиднеј, положи денеска премиерот на Австралија, Тони Абот. Абот и неговата сопруга Марџи положија цвеќе на плоштадот Мартин плејс, пред кафулето каде вчера имаше вистинска 17-часовна драма. Премиерот на Австралија изјавил дека напаѓачот бил „многу болен човек“ и дека тој ѝ бил...

Повеќе од 50 загинати во лизгање на земјиште во Индонезија

Педесет и еден загинат е последниот биланс од одроните што настанаа по бурата што ја погоди Индонезија, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по 57 исчезнати лица на островот Јава, соопштија индонезиските власти. Повеќе од 1.000 спасувачи веќе трет ден копаат по калта и очајнички се обидуваат да пронајдат преживеани. - Се молиме и се надеваме дека ќе спасиме уште луѓе, но шансите се...

Погребани жртвите од вчерашното тројно убиство во Злетово

Жртвите на вчерашното тројно убиство во Злетово, брачниот пар Илија М. (65) и Јана М. 63) и 51-годишниот Методија Д., денеска беа погребани на гробиштата во Злетово, јавува дописникот на „Мета“ од Штип. Погребано беше и телото и на 40-годишниот професионален војник Д.М., кој го изврши трикратното убиство. Во Пробиштип денеска е прогласен ден на жалост. Злетовци се сè уште...

Животот стана најевтина стока: Десет убиства за седум месеци

Последните случаи на убиства, вчерашното во Злетово и тоа пред неколку недели во Кавадраци, по својата зачестеност и по бројот на жртви, алармираат и укажуваат на сериозни аномалии во општеството. Убиства и самоубиства во идентични околности имаше и во мај, и во јули, во Скопје. Пет убиства за седум месеци, од кои две трикратни и едно двократно. Сите тие по многу...

Професионален војник осомничен за тројното убиство во Злетово

Четириесетгодишен професионален војник е осомничен за тројното убиство што утрово се случи во Злетово, пренесуваат медиумите. Според првичните информации, тој ги застрелал родителите на својата сопруга и уште едно машко лице. Телата на жртвите биле пронајдени на две одделни локации во селото. Како што пренесуваат медиумите, осомничениот во времето на убиството бил на службена должност. Осомничениот е во бегство и полицијата трага по...

Телата на убиените во Злетово биле најдени на две одделни локации

Жртвите на тројното убиство, што утрово се случи во пробиштипското село Злетово, биле најдени на две одделни локации, велат за „Мета“ од МВР. Сè уште трае потрагата по убиецот, многу полициски екипи се во селото и се врши увид. Убиени се двајца мажи и една жена, во кои било стрелано со огнено оружје. Според првичните, неофицијални информации, едниот маж и жената се родители на...

За 25 отсто зголемен бројот на кривични дела при семејно насилство

Во првите девет месеци од оваа година, бројот на кривични дела сторени при семејно насилство е зголемен за 25 отсто во однос на регистрираните случаи во истиот период минатата година, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во своето обраќање по повод промоцијата на националната кампања, која е во рамки на глобалните 16 дена активизам, насловен „Orange your neighbourhood“,...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...