fbpx

Австралискиот премиер положи цвеќе пред кафулето „Линд“

-

Цвеќе во знак на сеќавање на жртвите на заложничката драма што вчера се одигра во кафулето „Линд“ во центарот на Сиднеј, положи денеска премиерот на Австралија, Тони Абот.

Абот и неговата сопруга Марџи положија цвеќе на плоштадот Мартин плејс, пред кафулето каде вчера имаше вистинска 17-часовна драма.

Премиерот на Австралија изјавил дека напаѓачот бил „многу болен човек“ и дека тој ѝ бил познат на полицијата, но не се наоѓал на листата на можните терористи.

Напаѓачот Ман Харон Монис (50) го загуби животот во судир со полицијата, заедно со двајца други заложници.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.