fbpx
Таг: зголемување

таг: зголемување

НЛБ банка ги зголеми каматните стапки за кредитните картички

НЛБ банка ги зголеми каматните стапки за кредитните картички од 11,25 проценти на 12 проценти за постојните и новите клиенти. „Ве информираме дека НЛБ Банка АД Скопје ги зголеми каматните стапки за кредитните картички „ виза класик“, „мастер кард стандард“ и „мастер кард лајт“, како и каматната стапка за дозволено пречекорување на трансакциска сметка за физички лица, од 11,25 проценти...

Девизните резерви во јули се зголемиле

Во јули е забележано зголемување на девизните резерви, информираат од Народна банка. Главен фактор за зголемувањето во овој период се трансакциите за сметка на државата, заради издадената еврообврзница, а во помал дел и девизните депозити на домашните банки кај НБРМ, како и интервенциите на НБРМ на девизниот пазар, коишто во текот на јули беа во насока на нето-откуп на девизи. - Сите...

Србија ја обвинува Македонија за вонцарински бариери и најавува мерки на реципроцитет

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ денеска изјави дека со одлуката на македонската влада за поскапување на фитосанитарните уверенија за увоз на пченица во Македонија, нашата држава вовела вонцаринска бариера кон Србија и најави можност од воведување на мерки на реципроцитет. Љајиќ за агенцијата „Бета“ вели дека одлуката на македонското Министерствот за земјоделство, со која цените за...

Бројот на раселени во Ирак можно е да се зголеми за уште еден милион луѓе

Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска соопшти дека речиси уште еден милион луѓе во Ирак можно е да ги напуштат своите домови поради борбите со милитантите на Исламска држава (ИД), особено во градот Мосул, јавуваат светските агенции. Во Ирак веќе има околу три милиони раселени лица од почетокот на војната против ИД, која пред две години зазеде големи делови од...

Германската канцеларка Меркел ќе прима плата од 18.820 евра

Германската канцеларка Ангела Меркел од февруари следната година ќе прима плата во износ од 18.820 евра, откако владата денеска одлучи да одобри зголемување на примањата во нејзиниот кабинет за оваа и за следната година. Платите на германските министри ќе се зголемат за 2,2 проценти, додека од 1 февруари 2017 година на сила ќе стапи уште едно зголемување од 2,35 отсто,...

Се зголеми цената на храната во светот

Цените на храната во светот во јуни се зголемија најмногу во последните четири години како резултат на поскапување на шеќерот и на најголем дел од другите основни производи, соопшти денеска Агенцијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО). Цената на храната постојано се зголемува од јанури, кога беше на најниско ниво во последните седум години. ФАО очекува дека цените ќе бидат...

Зголемен бројот на туристи за 14,4 проценти во првиот квартал во однос на истиот период лани

Бројот на туристи во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 14,4 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 17,9 проценти, а кај странските има зголемување за 12,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен...

Зголемени извозот и увозот во првиот квартал од годината во однос на истиот период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки  во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 1.489.998.000 долари и бележи пораст од 9,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока во истиот период изнесува 2.093.891.000 долари, што е за 4,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во периодот јануари-април изнесува 603.893.000...

Поскапа храна, пиво и кафе во Грција со новиот повисок ДДВ

„Цунами“ од поскапувања на храната, облеката, угостителските услуги, билетите за авион и за брод, автомобилите и на илјадници други производи и услуги ја зафати Грција со зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 23 на 24 отсто. Поскапувањето доаѓа како дел од пакетот мерки што Грција треба да го спроведе за да ги задоволи европските кредитори. Со ова зголемување од еден отсто, кое е...

Индустриското производство зголемено за 8,7 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првиот квартал од годината е зголемено за 8,7 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во април во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 10,2 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 9,4 проценти, а во секторот снабдување со...

Извозот на храна достигна 66,3 милиони евра во првиот квартал од годинава

Извозот на храна во првиот квартал од годинава достигна 66,3 милиони евра и е за 17,7 отсто повеќе споредено со истиот период лани, објави Народната банка. Според податоците за трговската размена, за 60 отсто е зголемен извозот на овошје и зеленчук на вкупно 32,2 милиони евра, а за 300 илјади евра е зголемен извозот на жита и преработки од жита. Во...

Просечната плата во март изнесувала 22.053 денари

Просечната нето-плата по вработен, во март изнесувала 22.053 денари, а бруто-платата 32.392 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Нето-платата е зголемена за три отсто во однос на истиот месец минатата година. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности (16,8 отсто), информации и комуникации (14,6...

Се намалува прометот во индустријата на домашниот пазар

Во првите три месеци годинава прометот во индустријата е поголем за 9,3 проценти во однос на истиот период лани. Во март, пак, тој бележи пораст од 6,5 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар истиот период бележи опаѓање од еден процент, а индексот на прометот остварен на...

Митровски: Засега нема зголемување на каматите на кредитите на граѓаните

Банките во овој момент нема да ги зголемат каматите на кредитите на граѓаните, иако анализата на состојбата сè уште трае. Ова денеска го истакна претседателот на Здружението на банкарството при Стопанска комора на Македонија, Коста Митровски, на редовната средба на банкарите со гувернерот Димитар Богов. - Во овој момент анализите сè уште траат и нема да има зголемување на каматните стапки,...

Градежништвото лани со најголем придонес во порастот на економијата

Домашната економија во 2015 година забележа пораст така што, во согласно со проценетите податоци, домашниот бруто-производ се зголеми за 3,7 отсто, што претставува речиси идентичен износ со 2014 година, објави Народна банка. - Во споредба со 2014 година, најзначајна промена во придонесот кон годишниот пораст имаше градежништвото, по што следуваа трговијата, транспортот и угостителството, додека новите капацитети ориентирани кон извозот и понатаму...

Бројот на работници во индустријата во март зголемен за 2,1 отсто во однос на истиот месец лани

Бројот на работниците во индустријата во првите три месеци годинава е зголемен за 1,8 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.  Бројот на работниците во март годинава, пак, е зголемен за 2,1 отсто во однос на истиот месец лани. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март во однос на истиот месец лани, бележи пораст...

Индустриското производство во првите три месеци е зголемено за 10,7 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првите три месеци од годинава е зголемено за 10,7 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство во март годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 8,9 отсто. Според главните индустриски групи, производството во март во однос на истиот месец лани, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија, за 3,2 отсто, капитални производи...

Просечната нето-плата во февруари изнесуваше 21.813 денари

Просечната месечна нето-плата во февруари изнесувала 21.813 денари, а бруто-платата - 32.074 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата во февруари во однос на истиот месец лани, е зголемена за 3,4 отсто. Зголемување на просечната месечна нето-плата е забележано во секторите градежништво (16,3 отсто), административни и помошни услужни дејности (11,1 отсто). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на претходниот...

Се зголемува прометот во индустријата

Прометот во индустријата во февруари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е поголем за 14,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во февруари, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 5 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 15,7 проценти. Според главните индустриски групи, прометот...

Се зголемува бројот на туристи и на ноќевања

Бројот на туристите во февруари 2016 година изнесува 32.467, а бројот на ноќевања e 72.385. Во однос на истиот месец лани, бројот на туристите е зголемен за 9,2 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Бројот на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е зголемен за 17,6...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...