НЛБ банка ги зголеми каматните стапки за кредитните картички од 11,25 проценти на 12 проценти за постојните и новите клиенти.
„Ве информираме дека НЛБ Банка АД Скопје ги зголеми каматните стапки за кредитните картички „ виза класик“, „мастер кард стандард“ и „мастер кард лајт“, како и каматната стапка за дозволено пречекорување на трансакциска сметка за физички лица, од 11,25 проценти на 12 проценти, кои важат од 15 август за сите нови и постојни клиенти“, пишува на веб-страницата на НЛБ банка.