Се зголеми цената на храната во светот

Цените на храната во светот во јуни се зголемија најмногу во последните четири години како резултат на поскапување на шеќерот и на најголем дел од другите основни производи, соопшти денеска Агенцијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО).

Цената на храната постојано се зголемува од јанури, кога беше на најниско ниво во последните седум години.

ФАО очекува дека цените ќе бидат стабилни во следната деценија.