fbpx

Индустриското производство во првите три месеци е зголемено за 10,7 проценти во однос на лани

-

Индустриското производство во првите три месеци од годинава е зголемено за 10,7 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во март годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 8,9 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во март во однос на истиот месец лани,
бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија, за 3,2 отсто, капитални производи за 63,6 отсто и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 отсто.

Опаѓање бележи кај енергија за 19,9 отсто и кај трајни производи за широка потрошувачка за 26,8 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...