fbpx
Таг: зголемување

таг: зголемување

Кина ќе го зголеми буџетот за војската за седум отсто

Кина оваа година ќе го зголеми буџетот за одбраната за околу седум отсто, соопштија властите во Пекинг, пренесуваат светските медиуми. Информацијата доаѓа во пресрет на годишниот состанок на Националниот народен конгрес во Пекинг. Како што пренесува „Би-би-си“, Кина последните неколку години забрзано ги модернизира своите вооружени сили, а овој процес го следи и забрзаниот развој на екомијата на земјата. Сепак, буџетот на...

НБМ: Лани имало 358 милиони евра странски инвестиции

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции лани изнесувал 358,4 милиони евра, објави денеска Народната банка на Македонија. Споредено со 2015 година, странските инвестиции минатата година се поголеми за 141,7 милиони евра. Во декември минатата година, во земјава влегол странски капитал во вредност од 74,7 милиони евра.

Бројот на туристи лани е зголемен за 5 проценти во однос на 2015 година

Бројот на туристи лани е зголемен за 5 проценти, во однос на 2015 година објави Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи зголемувањето е за 4,8 проценти, а кај странските за 5,1 процент. За истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3,6 проценти, а кај странските за 1,7 проценти. Според податоците...

Германија со рекорден трговски суфицит во 2016 година

Извозот на стоки на Германија минатата година се зголемил на рекордно ниво благодарение на зголемената побарувачка од земјите на Европската Унија, што придонело за зголемување на трговскиот суфицит на земјата на рекордно ниво од 252,9 милијарди евра, соопшти денеска германската сојузна канцеларија за статистика, јавуваат светските агенции. Минатата година најголемата европска економија извезла стоки во вредност од 1.207,5 милијарди евра, односно...

Сончево време со зголемување на дневната температура

Времето денеска ќе биде сончево и тивко, со умерена облачност. Претпладне во одделни котлини ќе има ниска облачност и слаба магла. Утринската температурата ќе се движи од минус 12 до минус 5 Целзиусови степени, а дневната од 1 до 6 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус 11 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 3...

Благ пораст на туризмот во минатата година

Минатата година, заклучно со ноември, бројот на туристите што престојувале во земјава бил зголемен за 5 отсто, споредено со истиот период од претходната 2015 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Кај домашните туристи зголемувањето е за 5,3 отсто, а кај странските за 4,8 отсто. Во истиот период, бројот на ноќевања е зголемен за 2,7 отсто кај домашните, односно...

Царинската управа лани инкасирала 1,1 милијарда евра од давачки и акцизи

Царинската управа на Република Македонија ја завршила 2016 година со вкупно остварени приходи од 72,9 милијарди денари (околу 1,1 милијарди евра, н.з.), што е за 8,5 отсто, односно за 5,7 милијарди денари (92 милиони евра, н.з.) повеќе од приходите во 2015 година. „Ова претставува значителен успех при наплата на давачките во надлежност на Царинската управа, а тоа се давачки при...

Светска банка предвидува пораст на македонската економија од 3,3 проценти годинава

Домашниот бруто-производ (БДП) на Македонија ќе се зголеми 3,3 проценти оваа година и 3,7 проценти следната година, предвидува Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните перспективи. Овие прогнози на Светска банка за македонската економија се пониски од јунската прогноза лани, кога се предвидуваше пораст на економијата од 4 проценти. Светска банка за глобалната економија годинава предвидува пораст од 2,7 проценти, што е исто така...

Стапката на инфлација во еврозоната е највисока во последните три години

Официјалните бројки покажуваат дека инфлацијата во државите што припаѓаат на еврозоната, во декември се зголеми на највисоко ниво во последните три години, главно поради зголемување на трошоците за енергија. Европската статистичка агенција (Евростат) соопшти дека годишната стапка на инфлација се зголемила на 1,1 процент во декември од 0,6 отсто во ноември. Декемвриската стапка е највисока од септември 2013 година, кога инфлацијата исто така...

Индустриското производство до ноември годинава поголемо за 3,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство во ноември во однос на истиот месец лани бележи намалување за 4,9 процени, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во првите 11 месеци од годинава, пак, производството е поголемо за 3,4 проценти во однос на истиот период лани. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во истиот период, бележи опаѓање од 16,8 проценти, во...

Тевдовски: Нема да ги намалиме платите, тие се најниски од цел регион

„Нема да ги намалиме платите, излезот за економската криза во Македонија е во нивно зголемување. Тоа ќе креира дополнителна потрошувачка и ќе биде стимул за зголемување на продуктивноста во македонската економија“, одговори на новинарско прашање претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, откако вчера членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, ги обвини СДСМ дека пропагирааат отпуштања во јавниот сектор,...

Миноски: СДСМ ветуваше нови вработувања, а вчера навести отпуштања во јавниот сектор

СДСМ пред изборите, на граѓаните им ветуваше просечна плата од 30.000 денари, повисока минимална плата, нови вработувања, зголемување на пензиите и тоа не еднаш, туку двапати годишно, а веќе вчера пропагираше отпуштања во јавниот сектор, намалување на платите и на пензиите - изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, на денешната прес-конференција. - Кога беше на власт, СДСМ ги...

Минимално намалување на трошоците за живот

Трошоците за живот во ноември се намалени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Намалувањето на трошоците за живот е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 17 проценти, оризот за 8 проценти, компирот за 1,2 отсто, месото за 0,6 отсто,...

Просечната нето-плата во септември изнесувала 22.191 денар

Просечната месечна нето-плата во септември годинава изнесувала 22.191 денар, а бруто-платата - 32.640 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември во однос на истиот месец лани е зголемена за 0,8 отсто. Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата во секторите градежништво (8,7 проценти), земјоделство, шумарство и рибарство...

Бројот на туристи во првите девет месеци е зголемен за 4,3 проценти во однос на лани

Во првите девет месеци од годината, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,3 проценти, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 4,8 проценти, а кај странските има зголемување за 4 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,3 проценти, и тоа кај домашните туристи...

Просечната месечна нето-плата во август изнесувала 22.294 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во август изнесувала 22.294 денари, а бруто-платата - 32.789 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата во август годинава во однос на истиот месец лани е зголемена за 1,9 отсто. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите градежништво (10,1 отсто), административни и помошни услужни дејности (6,6 проценти)...

Просечната плата во јули изнесувала 22.334 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули во однос на истиот месец лани е зголемена за 2,2 проценти и изнесува 22.334 денари, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво 9 проценти, административни и помошни услужни дејности 6,7 проценти и информации и комуникации 6,2 проценти. Просечната месечна бруто-плата...

Стапката на невработеност во Канада се зголемила на 7 проценти

Во Канада во август се отворени 26.000 нови работни места, додека стапката на невработеност се зголемила за седум проценти, покажуваат податоците на канадската влада. „Зголемувањето на невработеноста се случи бидејќи повеќе луѓе учествуваа на пазарот на трудот,“ се наведува во соопштението на канадската статистичка канцеларија, а пренесуваат светските агенции. Зголемувањето на стапката на невработеност се случува во тешки времиња за канадската економија,...

Минимална плата од 12.000 денари и мерки против отпуштање вработени, ветува СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска најави дека доколку победи на изборите на 11 декември, ќе ја зголеми минималната плата на 12.000 денари до април 2017 година, а до 2020 година таа да изнесува 16.000 денари. Оваа минимална плата, како што рече денеска на прес-конференција претседателот на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ, Драган Тевдовски, ќе...

Просечната плата во јуни изнесувала 22.187 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 22.187 денари, а бруто-платата - 32.637 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Просечната плата во јуни била поголема за 0,7 отсто во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво (10,6 проценти), административни и помошни услужни дејности (6,3 проценти) и...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...