fbpx
Таг: зголемување

таг: зголемување

Просечната нето-плата во октомври изнесувала 23.356 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2017, изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата во октомври пак, е 34.266 денари и е зголемена за 3,8 проценти во однос на октомври лани. Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата...

Обилните врнежи го зголемија водостојот на сите реки

Обилните врнежи од дожд го зголемија водостојот на сите реки во земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Двојно е зголемено нивото на реките Вардар, Треска, Крива Река и Сатеска, а над просекот за ноември е водостојот на реките Пчиња, Брегалница, Црн Дрим и Црна Река. Кај езерата, минимално е зголемено нивото на  Дојранско Езеро, додека Охридско и Преспанско Езеро се околу...

Се зголемува рејтингот на конзервативниот блок на Меркел и на социјалдемократите

Рејтингот на конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел и на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) се зголемил за време на дискусијата за формирање нова голема коалиција, покажува анкетата што ја изврши агенцијата „Емнид“, по нарачка на „Билд ам зонтаг“. Според резултатите, рејтингот на христијанско-демократскиот сојзу (ЦДУ) на Меркел и на христијанско-социјалниот сојуз (ЦСУ) на Хорст Зехофер се зголемил за...

Зголемувањето на акцизата за нафта помина на владина седница

На денешната 38 седница, Владата го разгледала и го усвоила предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, информираа од Владата преку соопштение. Со измената се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари. Одлуката на Владата...

Облачно со обилни врнежи од дожд и температура до 15 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови од земјата. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 15 Целзиусови степени. Во Скопје денеска облачно со врнежи од дожд...

ВМРО-ДПМНЕ: Поголема акциза за нафтата значи помалку пари во семејниот буџет

Со зголемување на акцизата на горивата за фрапантни 3,54 денари, ќе се одземат пари од семејниот буџет на граѓаните, изјави на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на најавеното зголемување на акцизата на нафтата и на нафтените деривати во предлог-буџетот за 2018 година. Тој додаде дека зголемувањето на акцизата на горивата ќе значи и поголем трошок за повеќе производи кои директно зависат...

Царовска: Во Македонија 21,5 отсто од населението живее во сиромаштија

Во Македонија 21,5 отсто од населението живее во сиромаштија, а целта е на среден рок стапката на сиромаштија да се намали под 16 проценти во 2020 година, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата (17 октомври). Таа вели дека за исполнување на целта, клучен е економскиот развој кој ќе значи повеќе...

Бројот на туристи зголемен за 15,8 отсто во првите осум месеци во однос на лани

Во првите осум месеци годинава бројот на туристите е зголемен за 15,8 отсто во однос на истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 6,6 проценти, а кај странските за 22,7 проценти. Бројот на туристите во август изнесува 188.758 и во однос на истиот месец лани е зголемен за 20,4 проценти, а бројот на ноќевањата изнесува 766.844...

Царовска: Зголемувањето на платата во градинките ќе биде до 2.040 денари

Eфектот од зголемувањето на минималната плата и зголемувањето од 2 процента кај вработените во градинките ќе биде до 2.040 денари во зависност од нивното работно место, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. - Основната бруто-плата пред зголемувањето од 2 процента за септември за одредено работно место би изнесувало 15.090 денари, со зголемувањето од 2 отсто на бруто-платата добиваме сума од 15.392...

Платите во АРМ ќе се зголемат за 10 отсто од јануари 2018 година

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која заедно со министерот за финасии, Драган Тевдовски, ја посети касарната во Штип, информираше дека сите припадници на Армијата на Република Македонија од јануари 2018 година ќе добијат зголемување на платите за 10 проценти. Таа посочи дека изминатите години не се инвестирало доволно во условите за работа во Армијата и дека со право припадниците на Армијата...

Бројот на туристи до јули зголемен за 14,2 проценти во однос на лани

Бројот на туристи во периодот јануари - јули 2017 година е зголемен за 14,2 проценти во однос на истиот период од претходната година, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 8,3 проценти, а кај странските има зголемување за 17,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,8 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување...

Цената на златото се зголеми откако Северна Кореја истрела ракета кон Јапонија

Цената на златото се приближи до највисокото ниво за годинава, откако Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонија. Овој настан ги поттикна инвеститорите на сигурно инвестирање, поради зголемување на тензиите помеѓу Пјонгјанг и САД и сојузниците. Цената на златото оваа година се зголеми за 15 проценти, остварувајќи пораст секој месец.

Просечната месечна нето-плата во јуни изнесувала 22.808 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни изнесувала 22.808 денари, а бруто-платата 33.509 денари, објави Државниот завод за статистика. Платата во јуни во однос на лани истиот месец е зголемена за 2,7 проценти. Ваквото зголемување на нето-платата се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (20 проценти), стручни, научни и...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го укинува најавеното и планирано зголемување на пензиите

Според информациите кои деновиве излегоа во медиумите и во јавноста, пензионерите годинава нема да го добијат планираното зголемување од пет проценти на пензиите, изјави на прес-конференција, Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека „септемвриската пензија ќе биде зголемена за само 180 денари, а не според планираната динамика на владата на ВМРО-ДПМНЕ.“ - Повеќе од 300.000 пензионери на сопствена кожа ќе ја...

Поднесен предлог-закон за зголемување на платите во јавниот сектор

Водени од реалните потреби на вработените во јавниот сектор, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во Собранието поднесоа предлог-закон за зголемување на платите во јавниот сектор за пет проценти, изјави денеска на прес-конференција Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека овој закон предвидува зголемување на платите во јавниот сектор за пет проценти во 2018 година...

Нето-платата во мај изнесувала 22.889 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 22.889 денари, а бруто-платата била 33.640 денари, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите рударство и вадење камен (14,2 проценти), стручни, научни и технички дејности (5,8 проценти) и преработувачка индустрија (5,5 проценти). Во мај годинава, 1,2 отсто од вработените не примиле плата.

ОН: До 2050 година на Земјата ќе има повеќе од 9 милијарди жители

Индија за седум години ќе ја надмине Кина по бројот на жители, а се очекува Нигерија пред 2050 година да стане трета најнаселена земја во светот и да ги претекне САД, се наведува во извештајот на Обединетите нации. Според извештајот на Економскиот и социјалниот комитет на ОН, светската популација од сегашните речиси 7,6 милијарди луѓе ќе достигне 8,6 милијарди до 2030 година,...

Бројот на туристи во првиот квартал е зголемен за 10,7 проценти во однос на лани

Во првиот квартал на 2017 година во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 10,7 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 9,4 проценти, а кај странските има зголемување за 11,4 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период има зголемување и кај бројот на ноќевањата и тоа за 9,8 проценти. Кај домашните туристи бројот на...

Бројот на туристите е зголемен за 13,4 отсто во првите два месеци во однос на лани

Во првите два месеци годинава, бројот на туристи е зголемен за 13,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 12,7 проценти, а кај странските за 13,9 проценти. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,1 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 4,2 проценти, а кај странските...

Зголемен бројот на туристи во јануари за 13,3 проценти во однос на лани

Бројот на туристите во јануари годинава изнесувал 43.220 и во однос на истиот месец лани, тој е зголемен за 13,3 проценти, објави Државен завод за статистика. Бројот на ноќевања истиот месец изнесувал 87.894 денари и во однос на лани има зголемување од 11,7 проценти. Во истиот период бројот на домашните туристи е зголемен за 10,3 проценти, а бројот на странските туристи е...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...